ВНИМАНИЕ!!! ОГРАНИЧЕНА БРЗИНА!!!

Во целата приказна за почитување и непочитување на сообраќајните правила и прописи, која беше почната во прилогот Нома Интер Авто во минатиот двоброј, можеби и не е сицирц; така црно. Сé уште можат да се видат и такви возачи (или пак пешаци) кои ревносно ги следат сообраќајните знаци и редовно се однесуваат како што со овие знаци е сигнализирано.

Впечатокот кој, кај авторот на овој текст се оформил во текот на многуте години учество во сообраќајот, всушност е дека и покрај неоспорниот факт за свесно прекршување на правилата, зададени со сообраќајната и патната сигнализација, во голем дел ова се случува и несвесно, поточно како резултат на незнаење.

Би рекле, ова е логична последица, односно нешто што не можеше да се избегне по огромната „либерализација“ на полето на возачките испити, за што бевме сведоци во текот на повеќето изминати години. Не е дека немаше исклучоци, но секако дека беше многу потешко да се стигне до возачка дозвола без да се стекнат потребните знаења и вештини во „оние времиња“ кога возачките испити се полагаа само и единствено пред „страшните“ комисии, кои доаѓаа исклучиво од Министерството за внатрешни работи.

„Либерализацијата“ во постапките на добивање возачки дозволи и во полагањето на потребните испити (секоја авто школа – свои комисии), неминовно го направи своето. Знаејќи го начинот на неофицијалното функционирање на работите кај нас воопшто, и во оваа сфера, која не можеше да биде исклучена од општите, се разбира, непишани правила, работите се одвиваат слично. До посакуваното парче хартија (или во последно време парче пластика), наречено возачка дозвола, дојдоа не мал број млади луѓе, далеку пред тоа да го заслужат и далеку пред да ги стекнат макар и основните познавања на сообраќајните правила и прописи, сообраќајната сигнализација и возачките вештини.

Значи, сакајќи некој да им направи добро (да им помогне да се стекнат со возачка дозвола, без оглед дали тие тоа го „заслужиле“ или не), им направил лошо. И не само ним, туку и на сите нас, кои секојдневно учествуваме во сообраќајот. И кога после се со оглед на ситуацијата и невработеноста, голем дел од овие „возачи“ се одлучиле да заработуваат возејќи такси, неподносливата ситуација на нашите улици и патишта не смее да нé зачудува, а уште помалку изненадува.

Од друга страна, според нашето однесување, неодминлив е впечатокот дека сите ние мислиме, поточно сме убедени, дека знаеме се а како резултат на тоа, логично, правиме грешки од секаков вид. Колку пати самоуверено сте си го поставиле прашањето: „од каде сега овој знак овде“или дури „кој беше тој толку паметен што на автопат ставил знак за ограничување на брзината на 80км/ч“ и слично.

Колку тоа за нас во моментот да изгледа нелогично, сигурно е дека сепак зад тие одлуки стојат сообраќајни инженери, односно стручни лица – авторитети во својата област, кои според својата стручност биле избрани да го направат тоа. Без оглед дали нивните решенија на дадените позиции нам ни се допаѓаат или не, сепак мора да бидеме свесни дека тие се направени врз основа на показатели и фактори за кои ние, како возачи не сме свесни и воопшто не размислуваме. Во тоа име сообраќајните знаци би требало да ги почитуваме такви какви што сé, пред сé затоа што тоа од нас го очекуваат не само органите задолжени за контрола, туку пред се другите учесници во сообраќајот.

Ако на една делница од автопатот има знак за ограничување на брзината од 80км/ч, верувајте им на стручните лица кои процениле дека тоа треба така да биде – возете со брзина 80км/ч. Ако не им верувате, тогаш повторно возете со 80км/ч. Ако не заради друго, барем поради фактот дека можеби зад следниот свиок ве очекуваат момците со „Крајслер“ со плаво-бели ознаки и со вперен радар. А ќе се сложите, казните не се баш за потценување (се разбира, ако морате да ја платите).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s