600 опомени за несовесните возачи !!!

И покрај камерите, несовесните возачи не се откажуваат од лошите навики. Досега полицијата доставила дури 600 опомени. Од Нова година ќе има и казни.

Непрописно паркирање, претекнување на полна лента, полукружно вртење на недозволено место. Ова се најчестите прекршоци кои ги регистрирале полициските камери поставени по улиците низ Скопје. Иако ги забележуваат, граѓаните свесно прават сообраќајни прекршоци. За три месеци откако камерите од проектот „Безбеден град“ почнаа да снимаат, полицијата регистрирала и испратила предупредувања до над 600 граѓани. Меѓу прекршителите имало и многу јавни личности.

Граѓаните засега можат да бидат спокојни, најрано до Нова година. Полицијата нема да пишува казни, ќе испраќа опомени. Од МВР велат дека продолжува периодот за прилагодување на граѓаните, но и целта на проектот „Безбеден град“ не била да санкционира, туку да превенира.

Меѓу прекршоците за кои камерите не се опремени е брзото возење кое е честа појава по булеварите на главниот град. Но системот кој е инсталиран може во иднина да се надгради и автоматизира за да регистрира секакви прекршоци.

Со помош на камерите биле расчистени и сообраќајки во кои предизвикувачот на незгодата избегал од местото, а од МВР очекуваат камерите да им помогнат во расветлување на разбојништва и криминал.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s