Практични совети и предупредувања за возачите

СУБЈЕКТИВНИОТ ФАКТОР – ВИНОВНИК ЗА ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ НА СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Низ секојдневниот метеж од луѓе и возила во кој секој вработен брза да стаса до работното место, студентот до универзитетот, ученикот до училиштето а невработениот во потрага за парче леб, да ја понуди неговата работна сила на некој од пазарите, никој не обрнува внимание ниту пак наслутува дека за миг може да биде изненаден од тап удар на некое забрзано возило, да стане учесник во сообраќајна незгода или жртва на асфалтот.

И како ни при една друга состојба , сообраќајните незгоди можат да му се случат секому, насекаде и во секое време.

Се смета дека не постои човек кој барем еднаш во својот живот не ќе стане причинител, жртва или сведок на сообраќајна незгода, а за разлика од сите други епидемии на заразни болести никој нема вроден имунитет против сообраќајни незгоди, ниту пак може да биде вакциниран против нив.

Тешка, но навистина и се почеста е ваквата глетка објавена преку медиумските куќи, печатот и секојдневните сведоштва на нашите улици – крстосници и на нашите патишта низ цела Македонија.

Повод за вакво предупредување е зголемениот број на сообраќајни незгоди во државата во кои секојдневно гинат човечки животи, остануваат трајни инвалиди и оштетени возила со високи и ненадоместливи штети и штетни последици.

И до кога во епилогот на судските пресуди ќе стои само констатацијата – „причинската врска за случување на сообраќајната незгода е субјективниот фактор и зарем не сме во можност да сториме нешто повеќе за да се намали овој вид на кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” – член 300 став 3 вв со член 297 став 3 од КЗ на Република Македонија?

Патниот сообраќај, без сомнение е од огромно значење за опшеството во кое живееме. Впрочем, современиот анчин на живеење и неможе да се замисли без моторно возило. Меѓутоа, неговото одвивање го следат и низа штетни и негативни појави, често пати манифестирани во својот најтежок облик – сообраќајни незгоди со бројни човечки жртви и немерливи материјални штети.

Опасноста и загрозеноста во патниот сообраќај се негов составен дел, но прашање е во која мера тие треба да бидат присутни и конкретизирани во сообраќајни незгоди, за да се смета дека е тоа реално, неминовно ниво и на кој број треба да се сведат сообраќајните незгоди за да се смета дека тие се во границите на неизбежното, и може ли тоа да се постигне.

Нееднаквиот развој на современата патна и улична мрежа, заедно со опременоста, патната сигнализација и недоволно дефинираниот режим на сообраќајот; нееднаквото ниво на сообраќајна култура –  како нов специфичен вид на култура, чие создавање и развивање треба да се одвива во долготраен и континуиран процес; потоа разноврсноста на возниот парк, несоодветниот степен на општа организираност на опшеството и сл., се објективни услови кои се присутни и го следат одвивањето на патниот сообраќај во Република Македонија и кои во голема мера, непосредно или посредно ја условуваат и детерминираат неговата безбедност. Тоа се услови и околности кои овозможуваат одредени деликвентни однесување на учесниците во патниот сообраќај да се манифестираат како непосредни причини, кои често резултираат и со настанување на сообраќајни незгоди. Ваквите услови и околности под кои се одвива патниот сообраќај, придонесуваат за постоење на релативно висок степен на загрозеност на учесниците во сообраќајот и на материјалните добра.

Денес, сообраќајните прекршоци на нашите патишта се толку бројни, а и сообраќајните незгоди како последица на тоа, толку чести да со право се констатира дека безбедноста на патниот сообраќај е загрозена до степен што навистина загрижува.

Со право веќе можеме да кажеме дека во ниедна друга област на човековите активности не се чинат толку прекршоци, не се толку многу отстапува од нормите и правилата за поведение, како што е тоа случај во областа на сообраќајот. Голем број од учесниците во сообраќајот, особено возачите, многу често, понекогаш несвесно, а често пати и свесно самите себе се доведуваат во ситуација да постапат спротивно на некоја норма или правило за поведение во сообраќајот, а со тоа веќе да ја доведат во опасност сопствената безбедност или безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, а не ретко и двете истовремено, односно на сообраќајните незгоди секогаш им претходат сообраќајни прекршоци.

Загрозувањето во патниот сообраќај не треба да се цени само врз основа на догодените сообраќајни незгоди, туку и низ свекупните однесувања во сообраќајот кои продуцираат опасност.

Причините за сообраќајните незгоди се многубројни и испреплетени. Тие најчесто меѓусебно се условуваат и надополнуваат, па заеднички придонесуваат за настанувањето на сообраќајната незгода. Многу тешко е да се издвои само една единствена причина за било која сообраќајна незгода. На планот егзактно да се утврдат вистинските причини за сообраќајните незгоди и другите негативни појави во сообраќајот, денес скоро во сите земји, зависно од степенот на сообраќајната развиеност, се повеќе внимание се посветува на научните истражувања во таа насока.

И покрај многубројноста на причините на сообраќајните незгоди, тие сепак во главно се врзуваат за однесувањето на човекот –  субјективен фактор, состојбата на патот и исправноста на превозното средство –  објективен фактор, како основен фактор на (не) безбедноста на патниот сообраќај, при што неспорно е дека субјективниот фактор има доминантна улога во тоа.

Меѓутоа, со оглед на нивната поврзаност и зависност, тие треба да се третираат како единствена и неделива целина, па на тоа треба да се прилагодуваа и севкупните превентивно –  репресивни мерки, како вид на реагирање на негативните и штетни појави во сообраќајот, со цел да се создадат поповолни услови за одвивање на патниот сообраќај и да се ублажи неговото загрозување. При тоа, не треба да се запоставува околноста дека патот и возилото практично и неможат да се третираат како чисто објективен фактор, односно причина за настанување на сообраќајна незгода, затоа што скоро зад секоја грешка или пропуст во изградбата, реконструкцијата или одржувањето на патиштата, како и во поглед на исправноста на моторните возила, се наоѓа одреден субјект, кој со тоа индиректно придонел за настанување на штетна последица.

Доминантноста на субјективниот фактор – учесникот во сообраќајот како причина во настанувањето на сообраќајните незгоди е очигледна, дури и тогаш кога вистинска причина може да му се припише на патот (пр: голомразица, неправилна кривина, ударна дупка и сл.) или на состојбата на моторното возило, се настојува да се пронајде и истакне една (главна) причина за незгодата, а тоа по правило, е субјективниот фактор (учесникот во сообраќајот) –  најчесто возачот, се прикажува дека ,,не го прилагодил движењето на возилото спрема условите и состојбата на патот,,.

Така на пример учеството на патот како причина за настанување на сообраќајните незгоди е незначително, па врз основа на тоа би можело да се заклучи дека патот и не е така значаен фактор за безбедност на сообраќајот. Меѓутоа, согледувањата кои се вршени во времето кога поинтензивно се вршеше снимање на одделни „опасни делници” или „црни точки” на патиштата во Република Македонија, бројот на сообраќајните незгоди на тие делници после тоа значително се намалуваа за 20 –  30%. Впрочем, други аргументи и не се потребни, кога е евидентно дека на одредени делници или места на патиштата зачестено се случуваат сообраќајни незгоди. Тоа доволно упатува на заклучок дека тука не се во прашање само недисциплинираните однесувања на возачите, така и одредени „сили” односно „помагачи” кои делуваат до тоа да и неприлагодените однесувања кои не се екстремни, често пати да резултираат со сообраќајна незгода. Слична е состојбата и кога е во прашање исправноста на моторно возило.

Основна дилема која постојано ни се наметнува е: –  зашто на нашите патишта е присутен така висок степен на недисциплина и загрозеност на учесниците во патниот сообраќај?

Според бројот на сообраќајните незгоди и настраданите лица, споредено со бројот на жителите, бројот на моторните возила и други параметри, нашата земја се сврстува во редот на сообраќајно загрозени земји.

На ова прашање практично и не е можно да се даде целосен и верефициран одговор.

Пред се, тоа е фактот што ние неверојатно брзо достигнавме таков степен на моторизираност, кој не сврстува меѓу средно развиените земји во сообраќајна смисла во Европа. Меѓутоа, нашиот сообраќај е современ само по однос на бројот, видот и возно-динамичките карактеристики на превозните средства, а не и по однос на другите компоненти кои треба соодветно да го следат.

На нашите патишта се одвива современ сообраќај во несовремени услови, така да расчекорот помеѓу развојот на сообраќајот и на компонентите кои треба да го следат (сообраќајната култура, состојбата на патната мрежа и др.), поизразено продуцира деликвентни однесувања на неговите учесници, од кои поголемиот број можат да резултираат и со загрозување на учесниците, имотот и на други вредности.

Патниот сообраќај во Република Македонија е мошне хетероген и неиздифициран, а неговите учесници се со различен степен на претходна оспособеност за учество во сообраќајот, при што за поголемиот дел од нив (пешаци, велосипедисти, возачи на запрежни возила и др.) и не е предвидено претходно оспособување и проверка на оспособеноста така да еден голем дел на популацијата учествува во патниот сообраќај без да ги познава елементарните правила и прописи за движење и однесување во сообраќајот.

Сообраќајната култура е специфичен вид на култура која треба да ја поседуваат сите учесници во сообраќајот. Тоа е мошне важен елемент на безбедноста во сообраќајот и не преставува само познавање на сообраќајните правила и прописи и умеење да се управува со возило туку, и начин на движење и однесување во сообраќајот кој ќе биде сообразен со општите интереси на учесниците во него и со интересите на неговата безбедност. Меѓутоа, постојниот воспитно –  образовен систем очигледно дека тоа не го постигнува.

За неповолните состојби во областа на безбедноста во патниот сообраќај во значителна мера влијае и тоа што истата не се чувствува подеднакво како заедничка грижа и обврска на сите субјекти во опшеството, дотолку повеќе што токму оваа област на човечките активности е со најизразен опшествен карактер, каде практично секој учесник и субјект може да придонесе истовремено и за загрозување и за подобрување на безбедноста во патниот сообраќај.

ОПАСНОСТ ОД АКВАПЛАНИНГ

При силен дожд, аквапланингот ги онеспособува за управување дури и автомобилите што ги имаат монтирано најдобрите гуми.

Аквапланингот преставува „ноќна мора“ за возачите – почетници во патниот сообраќај, бидејќи губат контрола над управувањето со автомобилот кога со голема брзина се движат по влажен коловоз.

Аквапланингот е сигурно еден од најнеомилените феномени од кои „косата им се дига на главата“ и максимално се зголемува адреналинот на возачите, ако во конкретната ситуација се извлечат без видлива последица по нив и возилото што го управуваат.

Аквапланингот се најавува со нагло олеснување на управувачот, со зголемување на вртежите на моторот –  ако е предна влеча, и се слуша како прска водата под автомобилот.

До него се доаѓа кога автомобилот се движи со голема брзина по влажен коловоз и во еден момент гумите не можат веќе да ја исфрлат водата преку каналите од шарите и притоа се формира „воден клин“, по што гумата почнува да се лизга. Тогаш повеќето возачи ја губат контролата врз возилото и ги фаќа паника, бидејќи не знаат што се случува.

Ако одненадеш се најдете во аквапланинг мамка, во никој случај не смеете да сопирате, туку само благо треба да ја притиснете папучата од кумплуг-спојката и држете го управувачот во правецот на возење. Тркалата не смеат ниту да блокираат, ниту да се завртени во погрешен правец, се додека не се поврати контактот со коловозот.

Најдобра работа што можете да ја направите кога возите при врнежливо време е да ја намалите брзината на движење, бидејќи при пониски брзини многу ретко доаѓа до аквапланинг.

Доколку не сакате да го доживеете овој непријатен феномен, следна важна работа е да не го управувате вашето возило со потрошени, стари гуми. Набавете гуми за дожд или барем со подлабоки канали во шарите, бидејќи овозможуваат подобра дренжа на водата при допир со влажниот коловоз.

За да се одбегне ризикот од аквапланинг мора постојано да се води сметка за степенот на нивната искористеност. Редовно да се проверува длабочината на шарите на сите гуми, се препорачува да се внимава на патот за да се откријат мамките на аквапланингот и да се  прилагоди брзината со која се управува возилото во услови врнежи мод дожд и на влажни коловози.

Автопатите и магистралните патишта се градат така што водата од дождот да истече што е можно побрзо, но и покрај тоа на неповолните места може да се создадат водени површини кои тогаш преставуваат општа мамка со аквапланинг. Но, нормите за изградба на патиштата не се почитуваат секогаш и мора да се биде подготвен на мамките од аквапланингот:

Свиоци во кои се собира вода бидејќи одведувањето на водата до патот не функционира добро;

Подвозници во кои е затната атмосферската канализација;

Надолжни колотраги на асфалтот во кои се задржува водата;

Многу широки патишта со повеќе сообраќајни ленти, на пример – клучки на автопати на кои и треба подолго време на водата да истече по целата широчина;

Таканаречени „Ѕ“ свиоци чиј попречен нагиб се менува – на рамен дел на преминот од едниот во другиот свиок – се собира вода;

Патишта покрај планински превои, во кои дождот го бара најкусиот пат во долината.

Кај возачите со поголемо возачко искуство, често пати има различни сваќања во поглед на користење на пошироките гуми во однос на потенките гуми при појава на аквапланинг.

И широките и тесните гуми имаат предности и недостатоци и оптимално се приспособени за различен начин на возење.

Широките гуми се еднакво добри и на мокро и на суво. При сопирање од 100 км/ч широките гуми сопираат за 5,2 м пократко, но аквапланинг се јавува веќе на 69 км/ч, додека тесните гуми возат низ вода без аквапланинг до 80 км/ч. Тесните гуми исто така искажуваат предност со поголем конфор и намалена бучава, додека широките гуми нудат подобри возни својства на сметка на конфорот и економичноста.

Аквапланингот како појава е опасен, а опасноста пропорцијално расте со големината на брзината на управување на моторното возило на влажни коловози или при обилни врнежи на дожд.

Препорачуваме, во услови на влажни коловози секогаш да се прилагоди брзината према условите и состојбата на патот и да се користи дефанзивен стил на возење.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s