Младите “конрта” возачите на автомобили и нивните навики.

Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ денеска ги потсети возачите на автомобили за совесност. Алармираа дека паркинг местата за лица со инвалидитет многу често се зафатени од автомобили  кои не треба да се таму паркирани.

На автомобилите кои денеска беа паркирани во центарот на градот, младите од ВМРО ДПМНЕ им поставија флаери со кои сакаат да ја подигнат свеста на возачите повеќе да но го прават тоа.

Освен возилата кои беа непрописно паркирани, превентивни флаери со содржина „Ова не е ваше место-Погледни пред себе” се поставија и на другите автомобили.

Денешната акција се спроведува во координација со Здружението на слипи лица од Велес, чии што членови реагираат дека често се соочуваат со овој проблем.

„Акцијата ја реализираме по претходна соработка со здружението на слипи лица. Со оваа активност ќе поставиме летоци на автомобилите кои се паркирани на местата на лицата со инвалидитет со пораки дека не треба во иднина тоа да го прават ,а превентивно летоци ќе поставиме и на останатите возила”, вели Баже Ангеловски, УМС на ВМРО ДПМНЕ.

Додека младите од ВМРО ДПМНЕ делеа флаери, возачите  признаа дека поради недостиг на паркин простор се случува да го прекршат законот и да го паркираат сопствениот автомобил   на место кое не е наменето за нив. Тие потсетуваат дека ветувањето за катната гаража сеуште го паметат, а акцијата на подмладокот искрено ја подржуваат.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s