РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

Заради развивање и унапредување на сообраќајното образование и воспитание на учесниците во сообраќајот, остварување на соработка и координација во развивањето на сообраќајно – превентивната работа и самозаштита, унапредување на општата безбедност на сообраќајот на патиштата како работа од општествен интерес, како и заради иницирање и предлагање на потребни мерки за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата, во Република Македонија функционира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Задачи на РСБСП се:

  • Унапредување на работите сврзани со безбедноста на сообраќајот на патиштата;
  • Унапредување на сообраќајното воспитување и образование на учесниците во сообраќајот и развивање на сообраќајно – образовната работа на предучилишните установи и училиштата;
  • Остварување на соработка и координација во превентивната работа на државните органи, институциите, правните лица и другите субјекти по прашањата на самозаштитата во областа на сообраќајот на патиштата;
  • Организирање и учество во сообраќајно воспитни акции и манифестации од областа на сообраќајната превентива;
  • Поттикнување, развивање и помагање на научно – истражувачка работа во областа на сообраќајот на патиштата;
  • Набавка и издавање на сообраќакно – воспитни публикации, филмови и слично;
  • Организирање на научни и стручни собири за работа од областа на безбедноста на патниот сообраќај и
  • Соработка со средствата за јавно информирање, заради навремено, целосно и објективно информирање на јавноста за мерките за унапредување на сообраќајната превентива и безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Претседателот и членовите на РСБСП ги именува Собранието на Република Mакедонија. Членовите на советот се именуваат за време од четири години, со право на повторно именување.

              

                                                 


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s