Формула 1: Шумахер во Белгија ќе изброи до 300

Легендарниот Формула 1 пилот Михаел Шумахер ќе обележи исклучително редок јубилеј на следната трка од календарот на натпреварувањето, која првиот викенд во септември ќе се одржи во Белгија.

Седумкратниот светски првак во „најбрзиот циркус“, Михаел Шумахер, веќе неколку години ја живее својата втора Формула 1 приказна. Сепак, легендарниот германски автомобилист не може да се пофали со „кам-бек“ од соништата. Како и да е, нормално дека поставува стандарди и рекорди кои тешко ќе бидат соборени.

Имено, Шуми на патеката во Спа Франкошамп, каде што ќе се вози траката за Големата награда на Белгија, ќе го прослави своето 300-то учество на Формула 1 гран-при во богатата кариера. Покрај ова, амбициозниот пилот не мисли денот да мине без забележителен резултат.

„Спа ми е како мојата дневна соба. Ако мене ме прашувате, тоа е дефинитивно најдобрата тркачка патека на светот. Таму прв пат возев, прв пат победив и прославив титула“, образложува шампионот.

Воедно, тој има големи планови за престојната Формула 1 трка.

„Ова остварување мора да се прослави на вистински начин. Горд сум што ќе бидам само вториот возач во историјата, на кого му пошло од рака да се натпреварува на 300 трки. Токму поради тоа, планираме посебен викенд. Минатата година во Белгија завршивме одлична работа и ќе дадам се од себе тоа да го повториме и оваа сезона“, заклучи Шумахер.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s