Умерен сообраќај надвор од градските средини

 

 

 

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

 

На патниот правец Гостивар – Охрид од 01.07 до 31.08 тешките товарни возила со над 7,5 тона вкупна маса имаат забрана за движење секој петок од 15:00 – 24:00 часот и секоја сабота и недела од 07:00 – 24:00 часот. Ова ограничување не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има можност за појава на помали одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија. На граничните премини Богородица и Табановце возилата се задржуваат до половина час. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s