ADAC тест на летни пневматици 2012

ADAC тест на летни пневматици 2012

Престижната германска асоцијација ADAC и други европски клубови, традиционално тестираа пневматици кои се најзастапени на пазарите ширум Европа. Опфатени беа пневматици со димензии 165/70 R14 и 205/55 R16, како и пневматици за компактните SUV модели со димензија 215/55 R16.

При тестирањето во предвид се земени 5 клучни карактеристики (кај пневматиците за SUV, 6 карактеристики), од кои со 40 проценти, за најважно се смета однесувањето на пневматикот по влажна подлога. Сувата подлога носи 20 проценти од вкупните поени, како и трајноста на пневматикот, а со по 10 проценти во вкупниот збир учествуваат бучноста и влијанието врз потрошувачката на гориво. Кај пневматиците за SUV возила, кај процентите има една промена, па така 35 поценти отпаѓаат на влажниот пат, а преостанатите 5, на офроуд способностите на гумата.

Оцените кои се наоѓаат во табелите се според следниот редослед:

165/70 R14 T

Димензијата 165/70 R14 T е една од најпопуларните на нашиот пазар. Станува збор за димензија која одговара за малите градски автомобили како Fiat Punto, Ford Fiesta, VW Polo, Citroën C3… Од оваа група на пневматици само една гума не ја доби највисоката оцена, но затоа една третина од нив беа оценети со “мн. добар” и само еден пневматик беше оценет како “незадоволителен”. Најдобро рангирани пневматици од оваа димензија се од производителите Continental, Michelin, Apollо и Barum.

Најголемо изненадување е секако Аpollo Amazer 3G Maxx, кој заедно со Michelin имаа најдобри резултати на влажна подлога, а тоа што го спречи индискиот производител од подобра крајна оцена беше поголемата бучава од конкуренцијата.

Најлошо поминаа, за нас непознатите Infinity, кои според она што го наведува ADAC веќе не се произведуваат, но сеуште се комерцијално достапни. Еден вид разочарување се пневматиците на Goodyear, Dunlop и Yokohama кои според своето реноме мораа да се најдат барем на едно скалило погоре.

205/55 R16 V

Димензијата 205/55 R16 V, во најголемиот дел се користи за возилата од компактната класа, како што се VW Golf, Ford Focus, Mazda 3, Renault Megane итн. Кај оваа димензија исто така нема пневматик кој е оценет со “одличен”, но за разлика од претходната димензија, во оваа група нема пневматик кој е оценет со најлошата оценка. На врвот повторно е Continental, a “минусот” заработен поради претходната димензија го поправаат Dunlop и Goodyear. Првата петка ја заокружуваат Bridgestone и за нашиот пазар малку подзаборавените Semperit.

Кај оваа димензија најголемо изненадување е C Formula, со најдобра оцена за трошење на пневматикот, што практично беше клучно, пневматикот да се најде на средина на листата.

215/65 R16 H

Kај димензијата 215/65 R16 H, за тест беа земени пневматици од само 7 производители. Сигурни сме дека во наредните години оваа димензија ќе стане уште попопуларна и дека на тестовите се повеќе ќе и се посветува внимание пред се поради фактот што компактните SUV возила се во експанзија. Станува збор за модели како VW Tiguan, Ford Kuga, Opel Antara, Peugeot 4007 итн.

Од оваа димензија, само два производители добија оценка “мн. добар”, Sava ја доби најлошата оценка, а останатите четири производители добија просечна оценка – “добар”. Најдобри пневматици и во оваа група беа оние на Continental, a истата оценка ја доби и Pirelli. Vredestein се покажа како најдбоар пневматик за сува и мокра подлога, но трајноста и бучавата не беа на завидно ниво за да биде повисоко оценет.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s