Run-Flat технологија


Run-Flat е технологија која овозможува пневматикот да се спротивстави на ефектите на дефлација кога истиот е пробиен и воедно да овозможи на возилото да продолжи да биде управувано со намалена брзина (90 km/h), за ограничено растојание до 100 km (во зависност од видот на пневматикот).

Примарниот бенефит од користењето на овој тип на пневматици е континуираната подвижност на возилото и покрај издишувањето на пневматикот. Исто така при големи брзини е овозможено безбедно намалување на брзината и запирање на возилото. Многу важна придобивка е и тоа што нема потреба од резервно тркало, што значи помала тежина на возилото и намалување на потрошувачката и повеќе простор во багажникот.

Постојат три основни вида на Run-Flat технологија:

Self-supporting – Самоподржувачки пневматик (најзастапен систем)
Овој тип на пневматици има посебно засилување на страничните ѕидови и посебни конци кои се отпорни на високи температури, а исто така има прстен кој го држи бандажот прилепен за пневматикот, што значи дека во случај на оштетување, воздухот од пневматикот излегува и засилените делови го превземаат оптоварувањето.

Позитивно кај овој систем е тоа што овие пневматици се способни да ја носат тежината на возилото одреден период на возење со брзини до 80 km/h. Сепак ако оштетувањето е на страничниот ѕид тогаш нема можност за нивна поправање. Исто така подебелиот страничен ѕид значи поголема потрошувачка и возењето е потврдо. Овој вид на пневматици ги применува BMW во соработка со Bridgestone. Со овој систем на пневматици задолжително се користи и систем за мониторинг на притисок на гумите.

Self-sealing – Самозапечатувачки пневматик
Содржи внатрешен слој од материјал кој во случај на оштетување на ѕидот на пневматикот се активира и не дозволува воздухот да излезе надвор или драстично го успорува издишувањето на пневматикот. Тука спаѓаат сите комерцијални пакети (китови) за поправка на гуми – тие обично се вбризгуваат низ вентилот на тркалото а потоа со возење центрифугалните сили ја распоредуваат смесата во гумата која ја затвора дупката на пневматикот и не дозволува воздухот да излезе.

Auxiliary-supported – Самоподдржувачки пневматик со додатна поддршка
Најчесто се користи кај воени и блиндирани возила и има за цел да издржи повеќекратни оштетувања. Кај овој систем има додатен прстен околу бандажот кој го превзема товарот на возилото. Ова е најскапа технологија и поради тоа нема широка примена.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s