Секој втор жител на Европа зад управувачот јаде,пие или телефонира.

Секој втор жител на Европа зад управувачот јаде, пие или телефонира.

Според истражувањето спроведено од страна на Ford во врска со навиките на возачите зад управувачот, друи 47% од германските возачи изјавиле дека користат мобилен телефон за време на возењето, додека 66% признале дека јаделе зад управувачот. Понатаму, 43 проценти од анкетираните италијани изјавиле дека возат со една рака, а 14 проценти признале пишување на СМС пораки во текот на возењето.

Овие бројки ги покажуваат само најекстремните облици на однесување на возачите по патиштата низ Европа. И покрај строгите закони и високите казни, ниту Европа не успева да го истера од возачите, она што ние подбивно го нарекуваме балканско однесување. Анкетата која опфатила повеќе од 4300 возачи од Шпанија, Италија, Франција, Германија и Велика Британија открива дека загрижувачки број на возачи и понатаму редовнo се ставаат себе и останатите учесници во сообраќајот во опасни ситуации. Тие зад управувачот јадат, пијат, телефонираат, па дури и се шминкаат.

Меѓу германските возачи, забележан е најголем процент на употреба на мобилни телефони во текот на возењето – дури половина од испитаниците изјавиле дека телефонирале за време на возењето. Од друга страна, само 6 проценти од британските возачи користат мобилен телефон зад управувачот.

Во согласност со возачките навики, европските возачи немаат високо мислење за своите возачки способности. Дури 62 проценти од испитаниците не биле сигурни дали повторно би успеале да го положат возачкиот испит, кога денес повторно би требале да полагаат. Од испитаните нации, италијаните се најсигурни за своите возачки способности – 50 проценит тврдат дека би можеле повторно да го положат возачкиот испит, за разлика од 30 проценти од возачите во Германија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s