Chevrolet сака да ги сруши митовите околу дизел автомобилите во САД

Минатата недела пишувавме за порастот на продажбата на дизел возила во САД и ги споменавме предрасудите кои американците ги имаат за дизел автомобилите. Ваквиот податок за GM дојде во вистинско време, затоа што за идната година тие планираат на американскиот пазар да го претстават Chevrolet Cruze со 2.0-литарски мотор. Сепак свесни дека во САД, купувачите имаат еден вид одбивност кон дизелите, GM започнаа кампања, со која ќе се обидат на потенцијалните купувачи да им ги срушат предрасудите за дизел автомобилите.

Во иконографикот, Chevrolete ги нагласува петте основни митови околу дизел моторите:

– Дизелите се чисти.

– Дизелите не се груби.

– Дизелите не се бучни.

– Дизелите стартуваат перфектни и при ниски температури.

– Дизел горивото не е воопшто тешко да се најде низ САД.

Надвор од САД, GM, на пазарите низ Европа. Азија, Африка и Јужна Америка, продава над половина милион дизел автомобили, а во оваа бројка Cruze учествува со 33.000 примероци. Од друга страна, GM, односно Chevrolet ќе стане единствениот американски производител кој на домашниот пазар ќе понуди дизел компактен автомобил.

Очигледно, со ова нема да запре кампањата на Chevrolet за приближување на дизел автомобилите до американските купувачи и ќе биде интересно да се следат натамошните чекори на компанијата со кои ќе ги убедуваат американците за предностите на дизел автомобилите. Овој потег освен на Chevrolet, ќе има направи услуга и на европските производители кои во САД нудат автомобили со дизел мотори. Останува да видиме дали и другите американски производители ќе го искористат моментот и колку ова ќе влијае врз продажбата на дизели во САД која се очекува да има удел од 10 проценти до 2015 година.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s