Новиот мотор на Astra OPC: Крал на вртежниот момент.

Најмоќниот четири-цилиндричен бензински мотор на европскиот пазар во однос на специфичниот вртежен момент доаѓа од Opel. 2.0-литарскиот турбо мотор со директно вбризгување, изработен целосно од алуминиум кој ја погонува Astra OPC не само што има 280 КС, туку и 200.2 Nm на еден литар, што е највисок специфичен вртежен момент во класата, а е подобар и од некои супер спортски автомобили. Максималниот вртежен момент од 400 Nm е развиен 2.450 врт/мин и се протега до речиси 5.000 врт/мин rpm што е широк опсег кој овозможува Astra OPC да иcпорача високи перформанси во различни ситуации.

Opel-овите инженери извршиле прилично големи промени на постоечкиот 2.0-литарски турбо мотор кој го користи Insignia, давајќи му поголема спортска нота и поголема моќност. Целосно нов систем за довод на воздух е развиен со цел турбополначот да добие што повеќе воздух. Турбо полначот е подобрен за да може да издржи поголем притисок и за таа цел е засилена издржливоста на полначот со користење на нови компоненти. Сега, турбо полначот се вклучува на порано, на околу 1.400 врт/мин, а педалата за гас реагира речиси веднаш. Максималниот притисок е кренат на 1.5 бари, што претставува зголемување на 25 проценти ов споредба на моторот кој го користи Insignia.

Освен тоа што е моќен, моторот е и штедлив.

Astra OPC која доаќа со Start/Stop технологијата како стандарден дел од опремата, има потрошувачка од 8.1 l/100 km, и емисија на CO2 од 189 g/km. Ова се одлични бројки ако се има во предвид дека станува збор за спортски автомобил. Во споредба со претходниот модел (221 g/km, 9.2 l/100 km), CO2 емисиите и потрошувачката на гориво сега се за 14 проценти/12 проценти пониски. Најмоќната Astra забрзува од место до 100 km/h за точно 6 секунди.

Пред да започне производството на модифицираниот мотор на Astra OPC, истиот бил подложен на серија на тестови. Покрај тоа, 2.0-литарскиот турбо мотор, на тест на издржливост, во Astra OPC има поминато 10.000 km на тркачката патека Nürburgring, што претставѕва еквивалент на 180.000 km на нормални патишта.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s