Сигурносниот појас на надувување ќе може да се добие и кај Mercedes.

Mercedes ќе започне со опремување на своите автомобили со сигурносни појаси на надувување за патниците на задната клупа, со што ќе стане вториот автомобилски производител кој ќе ја користи оваа безбедносна технологија.

Од Mercedes изјавуваат дека ваквиот сигурносен појас ќе биде претставен во престоен луксузен автомобил. Најверојатно станува збор за новата генерација на S-Class чија премиера се очекува следната година, најверојатно на еден од саемите во Детроит или Женева.

Ford ја претстави оваа технологија кај последната генрација на SUV модел Explorer во 2011 година, а подоцна стана достапна и за моделите Ford Flex и Lincoln MKT. Оваа опција во САД, Ford ја наплатува околу 200 долари. Пред неколку недели пишувавме дека Ford планира следната генерација на Mondeo да ја користи оваа технологија, а исто така таму е и подетално објаснета.

Од Mercedes изјавуваат дека не планираат да ги користат сигурносните појаси на надувување за предните седишта. Тие потенцираат дека патниците напред се заштитени од предни, странични, а во некои случаи и воздушни перници за колената.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s