“Случај” набавка на нови полициски возила.

Ка-дис бара истрага: Сериозно се сомневаме дека некој поднел лажни изјави.

Компанијата Ка–дис поднела барање за издавање судска времена мерка за тендерот за набавка на 150 возила за МВР, за кој беше поништена електронската аукција на барање на еден од наддавачите, додека Министерството и надлежните органи не спроведат истрага за откривање на сторителот на кривичното дело – наводен хакерски упад или давање на лажни изјави.

Од Ка-Дис посочуваат дека во периодот кога Порше Македонија и нивниот дилер Делукс тврдат дека не биле во можност да наддаваат, а Сивус и Неотел тврдат дека имало пречки, најмалку два правни субјекта наддавале и „рефреширале“, а системот без проблеми ги регистрирал.

– Ка-дис сериозно ја разгледува можноста да побара истрага, која ќе ги вклучи сите инволвирани страни во некоректно и експресно поништената легална аукција поради сериозни сомневања дека некој од страните можеби поднел лажни изјави и со тоа и нанел на компанија непроценета штета, а воедно овозможува на други субјекти да се стекнат со материјална корист од постапката, стои во соопштението од Ка-дис каде се приложени и фото и видео документи.

Тие побарале од МВР да покрене истрага за случајот и за тоа дали на Сивус и Неотел – двете приватни компании им е во договорот за набавка на одредено дека можат да даваат вакви изјави за сопствените апликации/хостинг кои Бирото ги третира како изјави од вешти лица и на кои ја базирало, според нив, незаконската одлука, а од Судот вешти лица од ИТ секторот да се произнесат по нивните дописи. Од МВР бараат и да ја прекине денешната лицитација, бидејќи, како што наведуваат, таа е закажана на основа на невистинити аргументи, а со изјавата на Порше Македонија од четвртокот, велат, повеќе не е тајна лицитација со што се загрозил принципот за нејзино одржување.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s