ИМА ЛИ ЗАМЕНА ЗА “ЕВТИНИОТ” ПЛИН?

Цената на горивата постојано расте и нема враќање назад. Најевтиното гориво, гасот (плинот) за автомобилите, сега чини најмалку 40,5 денари за 1l (во зависност од која бензиска станица го купувате). Како ќе се одразат новите цени на горивата, се знае: ќе се намали нашата подвижност, ќе се зголемат цените на производите, ќе  се намали стандардот, платата ќе ја нема таа вредност што ја имаше до вчера.

И тие што сакаа во своите возила да вградат плински уред, сега се двоумат, бидејќи најевтина експолатација на возилото е – невозењето.

Има ли замена за „евтиниот“ плин. Некои енергетичари тврдат  дека има, а тоа е компримираниот природен гас (КПГ) или – метанот. Некои пресметале дека неговото користење е двојно поевтино од гасот.
Македонските возачи во однос на метанот имаат два проблема: 1. вградувањето на инсталацијата за користење на метанот е скапо и 2. нема ниедна станица за налевање метан, значи го нема!
Вградувањето на инсталацијата во околните земји чини двојно поскапо од плинскиот систем: 2000 – 2500 евра за моторите со вбризгување, а за карбураторските е могу поевтино – 600 евра. Инсталацијата е многу слична на таа за плин, но мора да биде складиран во неколку помали боци, со значително подебели ѕидови, што значи и потежок товар, така што возилото губи на сила од 10% кај новите возила, до 20% кај старите. Боците мораат да бидат цилиндрични, боца не може да се стави на местото на резервното тркало, бидејќи таква боца не може да издржи притисок од 200 бара.

Во Македонија засега нема ниедна пумпа за налевање на ова гориво. На бензиската пумпа во Влае има предвидено простор, но услугата уште ја нема.
Во Бугарија, на пример, постојат станици за налевање само за метан.
Метанот е земен гас, што се вади наменски или доаѓа како нуспроизвод во вадењето нафта. Пред употребата не треба да се преработува, затоа и е евтин. Во составот на гасот метанот учествува со 95 проценти, остатокот е етан и пропан. Метанот не преминува во течна состојба при компресија, како плинот, тој останува во гасовита состојба, се чува под притисок од 200 бара. Затоа и е тешко да се одреди количеството на неговата потрошувачка. Просечниот автомобил би требало да троши 5-6 килограми на 100 км, а енергетичарите тврдат дека тоа би било двојно поевтино од цената на плинот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s