МАКЕДОНЕЦ СТУДЕНТ ДИЗАЈНИРА АВТОМОБИЛ ЗА МЕРЦЕДЕС.

Младиот скопјанец Славчо Таневски направил дизајн за автомобил „мерцедес“ што ги воодушеви Германците поради што веднаш му понудиле работа.

Славчо Таневски, 23-годишен скопјанец, студент на дизајн во Минхен, од неодамна стана член на реномираната германска компанија „Мерцедес – Бенц“. Средношколецот од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, кој една година студирал на Машинскиот факултет, а студиите ги продолжил во Германија, подготвил дипломска работа, автомобил АИДА од марката „Мерцедес Бенц“. Трудот ги воодушевил првите луѓе од фирмата, по што тие веднаш оствариле контакт со талентираниот Таневски и му понудиле работа на неопределено време. Тоа било вистинска реткост во досегашната практика на „Мерцедес Бенц“, каде што најчесто се нудат работни места за определен период.

Таневски и ова негово посебно достигнување беше презентирано на вчерашната прес-конференција на „Мерцедес Бенц Мак ауто стар“, при што младиот Таневски посочи дека ова вработување за него значи голем поттик во натамошното работење и добар почеток на кариерата.

Инаку, по повод 125-годишниот јубилеј на „Мерцедес“, „Мерцедес – Бенц Мак ауто стар“, преку конкурс реши да го бара најдобриот млад дизајнер во Македонија. Конкурсот започна вчера, а ќе трае до 19 декември годинава, односно 125 дена. Целта е да се изработи дизајн-студија под насловот: „Мерцедес дизајн на иднината“.

Како што истакна Владица Кокаловиќ, директор на маркетинг и односи со јавноста во „Мак ауто стар“, оваа компанија, како една од најстарите во автомобилскиот бизнис во Македонија, досега поддржала голем број проекти од разни области од општествениот живот.

„Така и сега, ’Мерцедес Бенц Мак Ауто Стар“, како социјално одговорна компанија, има намера преку овој конкурс да им овозможи на сите студенти, млади луѓе и невработени, до 30-годишна возраст, да ја искажат својата способност и талент и да креираат дизајн што ќе се базира на досегашниот развој на ’Мерцедес‘ во изминатите 125 години, како и врз основа на денешните вредности на брендот“, посочи Кокаловиќ.

Директорот за патнички возила на оваа македонска компанија, Марко Јовановски, истакна дека „Мерцедес Бенц Мак ауто стар“ е компанија што се грижи за младите, особено за оние со изразен спортски и динамичен дух, но и за повозрасните, чиј престиж и успех постојано се следи преку имиџот и филозофијата најдобрите секогаш го сакаат најдоброто.

„Тоа е главен мотив во изминатите 125 години и токму во духот на нашиот слоган – 125 години иновации сакаме да продолжи успешната приказна и во Македонија, преку конкурсот за најдобар дизајн“, изјави Јовановски.

Инаку, компанијата прв пат го распишува овој конкурс, а планира да стане тоа традиција. За студентите поблиску да се запознаат со целата идеја, ќе има неколку предавања на факултети. Додека условите за учество на конкурсот, како и процедурата за изработка на проектот, можат да се погледнат на веб-порталот http://www.mercedes-benz.mk или да се добијат директни одговори на адресата : marketing@makautostar.com.mk.

Победникот ќе биде објавен на крајот на јануари следната година и ќе биде награден со патување во седиштето на „Мерцедес Бенц“ во Штутгард. Погледнете го видеото за Mercedes Benz Aria Concept…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s