ПРВИОТ АВТОМОБИЛ MADE IN БУГАРИЈА.

Во погоните на фабриката „Литекс моторс“ во соработка со кинеската компанија „Грејт вол“ во бугарскиот град Ловеч е произведен првиот бугарски патнички автомобил.

Менаџерот на „Литекс моторс“, Кирил Георгиев изјави дека првиот мотниран автомобил е од марката „Грејт вол волекс Ц10“ (Great Wall Voleex C10), а оти сериското производство во фабриката ќе почне во почетокот на наредната година. Тогаш офоцијално ќе биде отворена фабриката во која ќе работат 2.000 луѓе.
– Компанијата поради големото интересирање веќе разви дилерска мрежа и отвори претставништва во две балкански земји, рече тој. Во „Литекс моторс“ ќе се произведуваат три модели на патнички автомобили, вклучувајќи џип и пикап, кои според најавите на компаниите ќе бидат евтини и поквалитетни.

Џипот со „фул“ опрема веќе се рекламира по цена нешто поголема од 12.000 евра.
Сопственикот на фабриката „Литекс моторс“ е бизнисменот и сопственик на фудбалскиот клуб „ЛитексГриша Ганчев, кој поседува 92 отсто од акциите, додека остатокот припаѓа на Корпоративната трговска банка.
Неодамна од „Литекс моторс“ е најавено и производство на електромобили, кои во соработка со компанијата „Грејт вол“ ќе почне на пролет наредната година.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s