TOYOTA FUN-Vii – АВТОМОБИЛ ИЛИ ОГРОМЕН СМАРТФОН?!

Дали некогаш сте се прашувале што ќе се случи кога некој ден целосно ќе се вклопат технологијата и автомобилите … 

Одговорот на ова прашање ќе ви дава Toyota преку нивниот најнов концепт Fun-Vii – односно кратенка за Fun Viechle interactive internet – или во превод забавно возење со помош на интернет.

Имено, најинтересното кај овој автомобил е што неговата каросерија се претвора во огромен екран на допир и тоа преку огромни панели на кој ќе можете да извршувате најразлични операции па дури и да сурфате на интернет.

Од Toyota велат дека главната идеја на овој концепт е тоа да може секој возач да си го обликува изгледот на автомобилот по своите потреби.

Иако се сомневаме дека Toyota Fun-Vii ќе ги привлече обичните потрошувачи, сепак веруваме дека ќе биде огромен кај големите компании кои ќе го искористат автомобилот за рекламирање.

Toyota Fun-Vii е долг 4.020 мм, широк 1.745 мм и висок 1.415 мм, додека меѓуоскиното растојание е 2.750 мм, доволно за возач и двајца патници.

Toyota нудат доста напредна технологија за Fun-Vii, со акцент на системите за комуникација и навигација, а не сомнено и погонот ќе биде електричен.

Погледнете го видеото за Toyota Fun-Vii…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s