Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска, во рамките на отпочнувањето на кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, утре (06.09) во 11,30 часот во Основното училиште “Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје, ќе присуствува на промоцијата на ДВД изданието – “Сообраќаен буквар“, наменето за едукација на децата.
Предвидено е на промоцијата покрај министерката Јанкулоска да присуствуваат и министрите за образование и за труд и социјална политика Панче Кралев и Спире Ристовски, како и челните луѓе на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. По ова ќе следат изјави за медиумите.