Изложба на олдтајмери „Тиквешки гроздобер Кавадарци 2012“

Во сабота на 08 септември, во центарот на Кавадарци за прв пат ќе се одржи Изложба на олдтајмери во склоп на традиционалниот Тиквешки гроздобер. Учество ќе земат над 50 стари автомобили и десетина мотоцикли од цела Македонија.

 

Организатор на овој настан е Митко Ташев, студент трета година на Машински Факултет Скопје и олдтајмер ентузијаст, со поддршка на Општина Кавадарци. Според програмата, возилата ќе можат да се видат во периодот од 10 до 14 часот на улица Илинденска (до градски Плоштад), а изложбата официјално ќе биде отворена во 11 часот. Публиката, која се очекува да биде во голем број, ќе одлучи кој ќе добие признание за најдобар автомобил, најдобро теренско возило и најдобар мотоцикл преку посебно изготвени гласачки ливчиња. Ливчињата и гласачките кутии ќе бидат поставени на соодветно место.

Особен придонес за да се одржи оваа манифестација дадоа Локална Самоуправа на Општина Кавадарци, Цим Трејд, Вулканизер Звонко, Кожувчанка заедно со Синалко, Велком Трејд, Јанаки Комерц, Горска и Монбат акумулатори кои овозможија успешна реализација.

Целта на изложбата е младите да се запознаат со автомобилите кои се возеле на нашите простори во минатото, а повозрасните да се потсетат како некогаш изгледале улиците на градот. Организаторот се надева дека оваа манифестација, која за прв пат се одржува во градот на грозјето и виното, Кавадарци, ќе прерасне во традиција не само од национален, туку и од меѓународен карактер.

Избор: Курир

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s