Меѓународното мото рели „Македонија – Независност 2012 ќе се одржи во три етапи.

По повод Денот на независноста на Република Македонија 8 септември, во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ), од утре до недела ќе се одржи Меѓународно мото рели „Македонија – Независност 2012“.

Стартот првата етапа на релито е утре во 13 часот на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. Следна дестинација е Велес, а од таму се оди кон Радовиш, за вечерта да се пристигне во Кавадарци за каде е планирана заедничка вечера за сите учесници и ноќевање.

За втората етапа в сабота (8 септември) од Кавадарци се оди кон Крушево, па за Битола, а потоа ќе се упатат кон целта на вториот ден – Охрид. Во Охрид ќе биде организиран и натпревар во вешто возење на мотоцикл.

Третата и последна етапа ќе започне в недела во 13 часот кога е предвидено минување низ Струга и Маврово, со пауза за одмор во Дебар, а целта ќе биде на истото место како и стартот на 9 септември (недела) околу 16 часот во Скопје.

Вкупната должина на релито е околу 600 километри. Организаторот очекува на мото релито да учествуваат повеќе од 300 мотоциклисти од Македонија, како и од десеттина европски земји. Релито нема натпреварувачки карактер, а главна цел е туристичка промоција на Република Македонија кај странските и домашните учесници.

Извор: Press 24

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s