720 деца до седум години биле жртви во сообраќајни несреќи во последните две и пол години

Во последните две и пол години вкупно 720 деца на возраст до седум години биле жртви во сообраќајни несреќи.

Од нив, над 10-тина го загубиле животот, а останатите се здобиле со полесни или потешки телесни повреди, покажуваат статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи.

Поради тоа, а со цел да се подигне нивото на знаење кај децата за нивното учество во сообраќајот изготвен е видео материјал наречен „Сообраќаен буквар“ кој ќе биде дистрибуиран во градинките и основните училишта.

Снимени се 10 видео спотови со ситуации во кои децата најчесто грешат како учесници во сообраќајот. Предавањата и појаснувањата на сообраќајниот буквар ќе ги реализираат полициските службеници во соработка со наставниците и негувателките.

– Оваа активност поздразбира изучување на основите на сообраќајната култура на интерактивен начин, низ комуникација  со полициските службеници и презентација на видео материјали. За таа цел е изготвен сообраќајниот буквар во кој се содржани сите сообраќани правила и прописи кои се прилагодени на возраста на децата, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по денешната официјална промоција на ДВД материјалот во ОУ „Ѓорѓија Пулески“.

„Сообраќајниот буквар“ ќе биде поставен на веб страницата на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и на веб страницата на Министерството за внатрешни работи.

Во првото полугодие од годинава се случиле 1.781 сообраќајна незгода што претставува намалување за 10 проценти во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани 1.973 незгоди. Во нив настрадале вкупно 2.721  лица, од кои 51 лице починало.

Најмногу незгоди предизвикале возачите, а најчеста причина за несреќата се преголемата брзина или неприлагодена брзина кон условите на патот.

Пешаците предизвикале 103 незгоди, во кои четири лица загинале, а пак, патниците осум незгоди.

Неисправната состојба на патната мрежа била причина за случување на седум незгоди, а две од сообраќајните незгоди се случиле поради останати причини.

Според возрасната структура, најмногу загинати се  лица над 60 годишна возраст.

Извор: Press 24

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s