MERCEDES ПОДГОТВУВА СКУЛПТУРА НА СЛЕДНАТА S-КЛАСА ЗА ПАРИЗ.

Иако имаше најави дека ќе биде претставен на специјална презентација и можеби во Париз ќе ја видиме концептната верзија, перјаницата на компанијата ќе биде прикажана најверојатно во Кина, следната година.

По се изгледа дека следната генерација на Mercedes S-класа нема да биде откриена оваа година. Најпрестижната лимузина од гамата на компанијата ќе биде прикажана најверојатно во Кина, на Салонот во Шангај, во 2013 година. Сепак, од Mercedes велат дека ќе ја покажат новата форма на моделот, познат со тајното име W222, во вид на скулптура Aesthetics S и со посебна проекција на автомобилскиот салон во Париз кон крајот на септември.

Ова не е прв пат, во кој германскиот гигант загатва за дизајнот на иден модел. Во 2010 година компанијата направи ваква презентација со глинена скулптура во реални димензии на втората генерација CLS.

Извор: Авто+

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s