Кампања “Сакајте го или вратете го” на Chevrolet во САД.

Во Chevrolet се убедени дека купувачите ќе ги сакаат своите нови автомобили и дека тоа ќе се докаже со новата кампања за откуп “Сакајте го или вратете го” наменета за купувачите во САД.

Кампањата предвидува целосно враќање на парите, доколку на купувачот не му се допаѓа новиот Chevrolet. Автомобилот ќе мора да има поминато помалку од 4.000 милји, да не биде оштетен и мора да биде вратен помеѓу 30 и 60 дена по купувањето. Оваа кампања ќе трае од 10 јули до 4 септември, а дилерските такси и давачки нема да бидат предмет на гаранцијата.

Заедно со оваа кампања, Chevrolet нуди и таканаречено “целосно доверливо вреднување,” што предвидува да нема ценкање околу цената. Во основа, она што потенцијалните купувачи ќе го видат како цена истакната на автомобилот е точно тоа што ќе го платат, а според Chevrolet, сите возила од 2012 моделска година ќе бидат понудени по специјално определени цени (фиксна добивка на дилерите).

Останува да сонуваме, кога некој импортер во Македонија ќе се одлучи за ваква или слична кампања.

Извор: Avto Portal

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s