10 НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ НА МЛАДИТЕ ВОЗАЧИ

Добар возач неможе да се стане за еден ден, искуството е од пресудно значење. Постојат најмалку десет фактори кои предизвикуваат пораст на сообраќајните несреќи кај младите возачи.

Сајтот DruversEd.com, направил листа од десетте најчести грешки кои ги прават возачите тинејџери.

Најчестите грешки се:

1. Невнимателно возење – мобилен телефон, цедиња, храна и смс пораки…можат серизоно да го деконцентрираат возачот.

2. Премногу ризично возење – актовностите од типот на игнорирање на сообраќајните знаци и престројување без погледнување на ретровизор се вбројуваат во „ризично однесување“. Разликата помеѓу ризичното однесување и невнимателното возење е во тоа што ризичното однесување е намерен чин, додека невнимателното возење е несвесна акција.

3. Брзо возење – речиси сите возачи понекогаш возат брзо, но тинејџерите тоа го прават постојано. Во просек тинејџерите возат побрзо отколку сите возачи заедно.

4. Премногу луѓе во возилото – младите луѓе често ги пренатрупуваат своите возила со пријатели, а тоа резултира со поагресивно возењеи недостаток на концентрација.

5. Возење под дејство на алкохол – кога млаите луѓе пијат алкохол и возат, веројатноста дека ќе се придржуваат кон сообраќајните и безбедносни  правила е многу мала.

6. Опасно приближување на други возила – одржувањето на прописна раздалеченост помеѓу возилата е многу важна во спречување на несреќите.

7. Возење без појас – Приближно 21 процент од младите возачи не го употребуваат сигурносниот појас.

8. Неспособност за адекватна реакција во итни случаи – само со големо искуство може да се знае како да се избегне сообраќајна несреќа на патот.

9. Возење во поспана состојба – возењето во поспана состојба се однесува на онаа група така наречени „добри деца“, т.е одлични ученици со огромен број на вонучилишни активности.

10. Погрешен избор на автомбил и лошо одржување – комбинацијата на мал буџет и високиот стил на живот ги тера тинејџерите да жртвуваат важни безбедносни елементи за јак мотор и декоративни делови. Тинејџерите секогаш попрво би одбрале модерен спортски автомобил отколку безбеден автомобил со помалку добар изглед.

Извор: Курир

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s