Како функционира клима уредот во возилата?

AC или A/C е скратеница од Air Conditioning – широко познатиот термин за уредот кој служи за подесување температурата и влажноста на воздухот во кабината. Иако служи и за греење и ладење, главната намена секако е ладењето. …

Принципот на работа се заснова на способноста на разладниот флуид да прима и ослободува значајно количество на топлина, при промената на агрегатната состојба (од течна во гасна и обратно).
• Основен дел на клима уредот е компресорот, кој се покренува со ременскиот пренос и со електромагнетна спојка, преку коленестото вратило на моторот. Компресорот го компримира гасовитиот разладен медиум, при што му се зголемуваат притисокот и температурата.
 • До 1994 година се користеше разладен медиум фреон R12 на база на флуоро-хлоро-јаглерод (CFC). Поради неговото лошо влијание на озонската обвивка, заменет е со еколошки поприфатлив медиум R134a, на база на хидро-флуоро-јаглерод (HFC).
 • Гасовитиот разладен медиум се насочува во ладилникот, каде се кондензира (преоѓа од гасна во течна состојба) и отпушта топлина во околината, со помош на вентилатор.
 • По излегувањето од ладилникот, кондензираниот разладен флуид поминува низ филтер, каде се задржуваат нечистотиите и влагата.
 • Прочистениот разладен флуид, под висок притисок, доаѓа до експанзиониот вентил, каде притисокот и температурата драстично му се смалуваат, а температурата станува пониска од кабината.
 • Следниот работен такт, односно процес на ладење на кабината: флуидот поминува низ испарувачот, каде преоѓа од течна во гасна состојба и истовремено ја превзема топлината од кабината. Тоа се случува со измена на топлината помеѓу ѕидот на испарувачот и околниот воздух.
 • Воздухот разладен на ѕидовите на испарувачот се распрскува во кабината со електричен вентилатор и така се смалува температурата на воздухот во кабината на возилото.
 • Влагата од воздухот, која се кондензира на ѕидовите од испарувачот, се одведува со специјални дренажни цевки.
 • Разладниот уред станува климатизациски дури откако ќе се опреми со посебен греач. Најчесто се користи изменувач на топлина, кој ја користи топлината од моторот. Така во сите климатски услови може да се постигне оптимална температура и влажност на воздухот во кабината.
 • Климатизациските уреди трошат енергија од моторот, првенствено за покренување на компресорот. Така, корисната сила на моторот се смалува за неколку проценти, а потрошувачката на гориво расте до половина литар на 100 km.
Извор: koli.com.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s