ПЕДРОСА ПОВТОРНО ВО ИГРА ЗА ТИТУЛАТА

Шпанецот Дани Педроса Repsol Honda тимот ја оствари четвртата победа сезонава, откако победи на трката за Големата награда на Арагон, 14 рунда од светскиот шампионат во MotoGP. Педроса на тој начин ја намали предноста на сонародникот и лидер во генералниот пласман Хорхе Лоренцо од Yamaha, кој остана втор во Арагон. Како трет на целта и подиумот се најде Италијанецот Андреа Девициозо од Monster Yamaha Tech 3.

Лоренцо стартуваше од пол позицијата и имаше предност пред Педроса, кој го следеше во чекор. Педроса неколку круга по ред постојано правеше притисок врз сонародникот, по што успеа да го помине и да создаде предност од шест секунди до крајот. Андреа Довициозо го освои третото место успевајќи да се одбрани од агресивните напади на тимскиот колега Кал Крачлоу. Бен Спис од фабричкиот тим на Јамаха беше петти, додека Џонатан Риа кој го менува Стонер во Хонда, беше седми, зад Алваро Баутиста. Валентино Роси финишираше осми откако на стартот загуби неколку позиции поради контакт со Риа.

Лоренцо во моментов има 290 бода и секако е со најреални шанси да ја освои годинешнава круна. Педроса е на второто место, но сега со 33 бодови заостанување, а до крајот на сезоната има уште четири трки, па во игра се многу комбинации. По пауза од две седмици следните три трки се возат една по друга, во Јапонија на 14 октомври, Малезија – 21 октомври и во Австралија -28 октомври. Се очекува барем на дел од нив да вози и Кејси Стонер, со што би му помогнал на тимскиот колега да ја преземе титулата. Финалето на сезоната е на 11 ноември во Валенсија

Во натпреварувањето во Moto2  триумф на Пол Еспаргаро, пред Марк Маркез и Скот Рединг. Во генералниот пласман и натаму води Маркез со 258 бодови, пред Еспаргаро со 210 и Ианоне со 178 поени.

Во Мoto 3 во Арагон победа на Луис Салом, а на подиумот се најдоа Сандро Кортезе и Јонас Фолгер. Прв во генералниот пласман е Кортезе со 225, пред  Салом со 194 и Маверик Вињалес со 179 бодови.

Извор: www.avtoplus.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s