КАМИОНОТ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Во рамките на неодамна завршениот втор Меѓународен саем за транспорт и логистика, македонскиот импортер за програмата на Iveco, компанијата Каргомакс од Скопје, го претстави новиот модел Stralis Hi-Way,Камионот на годината за 2013

По претставувањето во Хановер на најголемата саемска смотра на стопански и комерцијални возила, каде и му беше доделена престижната награда, Iveco Stralis Hi-Way пристигна и во македонската метропола. Ова претставува голем респект кон нашиот увозник Каргомакс, кој е еден од водечките субјекти на ова поле не само во државава, туку и во регионот. Наградата се доделува од меѓународното жири за избор на  Камион на Годината, кое се состои од водечки новинари, претставници на изданија од 25 европски држави каде функционираат над 700.000 транспортни компании. Во согласност со правилата на меѓународното жири годишната награда Камион на Годината се доделува на стопанско возило, чија премиера била во последните 12 месеци и кој има најголем придонес кон ефикасноста на транспортот, разгледувана од неколку различни перспективи – горивна ефикасност, безбедност, однесување на патот и околината.

Iveco Stralis Hi-Way се одликува со смели иновативни решенија кои ги задоволуваат строгите еколошки норми Евро 6, базирани на технологијата SCR за дополнителна обработка на издувните гасови. Овој чекор на италијанскиот производител трасира сосема нов пат, различен од оној на другите европски производители, во однос на намалувањето на штетните гасови од дизел моторите на камионите. Во Iveco се базираат на два главни фактори: прецизен алторитам за контрола на работата на моторот врз основа на претходна оценка и особено ефикасниот систем за мешање на издувните гасови и дополнителната течност AdBlue.

Очекувањата се дека моторите Hi-eSCR кај новиот Stralis Hi-Way, заедно со целокупната оптимизација на компонентите и подобрената аеродинамика на кабината ќе доведат до сериозно намалување на потрошувачката на гориво согласно еколошки норми Евро 6, кои влегуваат во сила од 1 јануари 2014 година. Реконструираната кабина на Stralis Hi-Way нуди за возачот тивка, удобна и пријатна работна средина. Новиот Stralis Hi-Way се нуди со современи системи за безбедност и иновативни телематички решенија, кои може да се контролираат благодарение на 7-инчен touch-screen екран, вграден во контролната табла. Овие карактеристики, како и функцијата за многу детална проценка на стилот на возење на возачот, придонесуваат за постојана контрола на сите елементи и компоненти во текот на управувањето на возилото.

Новиот Stralis ќе се испорачува со мотори Cursor, создадени од FPT Industrial engines. Тоа се редните шестцилиндерски агрегати во три варијанти од  9, 11 и 13 литри за гамата Евро-6. Дизел моторите се достапни во 8 варијанти на моќност во интервалот од 310 до 560 КС, а на располагање се и три CNG верзии – од 270 до 330 КС.

Како што истакнуваат од Каргомакс, се разбира од нивото на опрема и изборот на агрегатот, цената на најновото издание на Iveco Stralis Hi-Way е од 70.000 евра па нагоре, сите заинтересирани веќе може да го нарачаат и ќе им биде испорачан на почетокот на следната година.

Извор: www.avtoplus.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s