Странците непријатно изненадени – на патарините веќе не примаат евра

Странците што поминуваат низ земјава непријатно се изненадени што дури кога ќе стасаат на патарината дознаваат дека веќе не се примаат евра или друга странска валути.

Наредбата ја издал првиот човек на ЈП „Македонија пат“ без да има претходно известување за возачите, а важи од 25 септември,  пишува Дневник.

Се поставува прашањето како странците ќе плаќаат патарина кога се знае дека до 2014 година нема да проработи електронски систем за наплата.

Дополнителен проблем е што повеќето странци низ земјава минуваат транзит за до Грција и немаат воопшто ниту потреба да имаат денари во себе. Посебно иритира и фактот што во Македонија нема каде да се заменат пари, на патарините нема менувачници, а единствената која е на промер на граничниот премин со Србија често не работи, реагираат странците.

.. Влегов во Македонија доцна вечерта, после 2 часот по полноќ, на патарината кај Куманово не ми дадоа да платам во евра, им понудив картичка, но рекоа немаат можност да ми наплатат на тој начин. Го прашав па добро дајте ми решение што да правам. Се вратив назад до Куманово да најдам менувачница, но ништо не работеше нормално во тоа глуво доба, на крајот замолив еден камионџија кој беше на патарината зад мене да ми смени 10 евра.,, за MKnews.MK вели револтирано 35 годишната Марија Вуисиќ од Врање која често низ земјава минува транзит бидејќи има бизнис во Солун, Грција.

,, Се враќав викендов од Грција и намерно оставив ситни евра за да ги потрошам за да платам патарина. Непријатно ме изненади вработениот на патарината, кој не ми ги примаше еврата и инсистираше да платам во денари. Не бев само јас, имаше и странски држававјани, кои бледо гледаа и не разбираа што се случува. И зошто никој не информира дека веќе не важат еврата – вели Валентин Митревски од Скопје за Дневник.

Според Дневник еврата на некои патарини минуваат на некои не. Скопјанец за весникот изјавил дека на враќање од Охрид без проблем платил патарина во евра.

Електронската наплата на патарините се очекува да почне од 2014 година, најпрвин по Kоридорот 10, а потоа и по Kоридорот 8, со што се очекува да се надминат долгите колони и чекања пред рампите, како и проневерите со собраните пари, пишува дневник.

Извор: www.sitel.com.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s