Лежечки полицаец кој се активира по потреба?

По потреба – само доколку возачот ја надминал пропишаната брзина…

Во Шведски Linköping, од 2010-та година се тестираат лежечки полицајци кои ги “казнуваат” оние возачи кои возат побрзо од дозволеното. Тие се дело на компанијата Edeva, а носат назив Actibump.
Така, овие лежечки полицајци работат сосема спротивно на оние класичните. Имено, доколку возачот вози повеќе од дозволеното, самиот Actibump, се вовлекува во асфалтот, при што остава дупка – затоа и рековме дека работи на спротивен принцип. Но, неговите креатори тврдат дека таа дупка не е доволно голема (6 сантиметри) за да направи штета на автомобилот. Доколку брзината е во рамките на дозволената, плочата останува на место, а со тоа се исклучува секакво влијание на патот и врз возилото.

Сè разбира, брзината на движење на автомобилите се утврдува со радар. Што се однесува до одржувањето, наводно овие лежечки полицајци се многу лесни за одржување, додека стандардните потребно е да се заменуваат во рок од седум до десет (?) години.
Единствена мана е нивната висока цена. Односно, кога ќе размислиме подобро, зошто наместо да се вовлекуваат во земја, не ги направиле да излегуваат нанадвор, кога веќе се моторизирани?

Зборот е, да си останат со стандарден концепт и вистински да ги казнуваат оние кои ја пречекоруваат брзината – сите знаеме каква штета може да нанесе на автомобилот малку повисок лежечки полицаец при “малку” поголема брзина. Вака, онаа празнина од 6 сантиметри, и самите творци тврдат дека не нанесува штета на возилото? Па, тогаш, каде е санкцијата за несовесните возачи? Може да се види и на видеото во продолжение, речиси никаков ефект.
Дали можеби ова мислење е резултат на “кратерите” по нашите патишта, што ги удираме на секои 100 метри, а се посериозни од овој Actibump? Што мислите Вие?

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО…

Извор: www.koli.com.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s