Потпишан договор со ИФЦ за патарините на патниот правец Скопје-Гостивар-Кичево

Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека е потпишан      договор со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за советодавни услуги во однос на реализацијата на предвидениот проект за изградба, одржување и наплата на патарини на патниот правец Скопје-Гостивар-Кичево, кој е дел од патниот Коридор 8 во Република Македонија.

Целта на договорот е обезбедување консултантски услуги и изработка на студии и анализи. Согласно текстот, ИФЦ ќе има обврска до Владата на Република Македонија да предложи модел за имплементација на проектот за концесија на патниот правец Скопје-Гостивар–Кичево и да биде трансакциски консултант на Владата се до склучување на договор со потенцијалниот најповолен понудувач. ИФЦ ќе биде задолжена да и асистира на Владата во структурирање на проектот и подготвување на транспарентен, фер и компетитивен процес за привлекување приватен партнер за изведување на проектот по модел на јавно-приватно партнерство.

Со договорот, како што се наведува во соопштението, се предвидува во временска рамка од 14 месеци до две години да бидат имплементирани две фази на овој проект, кој треба да заврши со избор на најповолен понудувач.

За време на изведување на првата фаза од проектот, ИФЦ ќе треба да ги разгледа и направи анализа на сите релевантни информации кои се однесуваат на концесијата на патиштата, да изготви техничко-сообраќајна анализа, детален финансиски модел, испитување на пазарот и изработка на препорачлива структура за имплементација.

Доколку по оваа фаза бидат прифатени изготвените студии ќе се имплементира втора фаза од проектот во која од страна на ИФЦ ќе се промовира моделот за концесија, ќе се асистира во фазата на претквалификација, изработка на тендерска документација, преговорите со претквалификуваните компании и во завршување на тендерската постапка со избор на најповолниот понудувач и склучување на договор.

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), која е член на Светска банка, е најголемата глобална развојна институција, фокусирана исклучиво на приватниот сектор во земјите во развој и финансира и обезбедува советодавни услуги кои се однесуваат на проекти основани на јавно-приватно партнерство, а преку својата советодавна активност им помага на владите да создадат услови кои го стимулираат вливањето на домашни и странски приватни инвестиции.

Извор: www.sitel.com.mk

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s