За 6 отсто намален бројот на повредени и загинати во сообраќајки

Годинава постои сосема благо намалување на жртвите од сообраќајни несреќи, но тоа не смее да биде причина за опуштање и убедување дека состојбите во сообраќајот се добри. Напротив состојбите се загружувачки, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешното панел советување по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.

– Бројот на поврдени и загинати лица на патиштата во Република Македонија  годинава е за шест отсто помал во однос на лани. Во изминатите девет месеци бројот на сообраќајни незгоди во кои имало повредени лица изнесува 3.069, а 100 учесници во сообраќајот го загубиле животот, за разлика од истиот период минатата година кога во 3.261 незгода загинале 113 лица, рече Јанкулоска.

Активностите што Министерството ги презема во континуитет, според неа, барем во еден дел придонеле за намалување на жртвите во сообраќајот, односно за подобрување на состојбите. Денешниот ден, додаде, е посветен на нашата должност постојано, упорно и сеопфатено да се трудиме да ги минимализираме шансите за таквите ненадоместливи загуби.

– Сите ние како учесници во сообраќајот без разлика во која улога се наоѓаме за време на нашето учество треба да се однесуваме совесно, да ги почитуваме правилата и прописите со цел да дадеме сопствен придонес сообраќајот да биде побезбеден, бидејќи тоа е еден неизбежен дел од нашето секојдневно живеење, нагласи министерката.

Јанкулоска информира дека Владата презема активности за воведување на европскиот телефонски број 112 и очекува дека практичното воведување на линијата ќе биде наскоро. Направена е физибилити студија, лоцирани се центрите, Скопје, Прилеп и Штип од каде оперативно ќе се покрива целата територија на Република Македонија, а поставени се и рамките за практично воведување на линијата.

– Верувам дека со новиот систем поврзан со бројот 112 уште повеќе ќе се засили институционалната ажурност и ефикасност во дејствувањето. Според својата оперативно-техничка поставеност 112 ќе има далеку поквлаитетни перформанси во поглед на комуникациската достапност, идентификација на локацијата, однсоно местото на настанот, се до динамичниот и брз одговор на повикот за помош, подвлече Јанкулоска.

Ресорниот министер најави дека и по стартувањето на линијата 112, бројот 192 ќе продолжи да функционира, бидејќи, како што рече, има определени известувања кои се однесуваат исклучиво на полициски работи.

– Секоја ситуација за која е потребна реакција на полицијата и други институции не спаѓа во делот на итните ситуации каде што е потребна координација на повеќе служби и брза и итна интервенција за што  ќе биде наменета линијата 112, појасни Јанкулоска.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП), кој е и организатор на панел советувањето посветено на „Ефикасноста на системот за интервенции по сообраќајна несреќа, перспективи и функционалност на системот 112“, има мисија со сите можни механизми да работи на унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во Македонија, истакна претседателот Никола Ангеловски.

Во спомен на денот на жртвите од сообраќајни несреќи, тој рече дека одлучиле да разговараат за подобрување на мерките на интервенција непосредно по незгодата- мерката 7 препорачана во Националната стратегија.

– Мерката 7.1 бара подобрување на мерките за интервенци непосредно по незгодата преку едукација за соодветно однесување на учесниците во сообраќајот по сообраќајна незгода преку пласирање информации во медиумите за неопходноста у начините на давање прва помош, едукација за прва помош во основните училишта, обука на сите учесници во сообраќајот заради подобрување на однесувањето по сообраќајни незгоди…, рече Ангеловски.

Втора важна област, според него, е брза и ефикасна пристапност на сите тела од центарот за итни повици 112 во областа на инцидентот.

 

 

Извор: www.kurir.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s