Компании од автомобилскиот сектор годинава ќе инвестираат во Македонија

Компании од автомобилскиот сектор во текот на првиот квартал од годинава ќе испратат свои претставници во Македонија за да се финализираат договорите за изградба на фабрики во земјава.

Дирекцијата за Технолошко индустриски зони изјавува дека ова е најавено на средбата на директорот на Дирекцијата Виктор Мизо за време на Automotive News World Congress, кој се одржува  во Детроит за време на  NAIAS – најголемиот автомобилски саем во Северна Америка… (прочитај повеќе)

Извор: www.press24.mk

Advertisements

Македонија претставена на светскиот конгрес за автомобилска индустрија

Инвестициските можности што ги нуди  Македонија  во  автомобилската индустрија се претставени на светскиот конгрес за најновите случувања и перспективи во тој сектор, што се одржува во Детроит, од 15 до 17 јануари.

Македонија претставена на светскиот конгрес за автомобилска индустрија.

На  конгресот,  настан во пресрет на најважниот годишен автомобилски настан во светот North American International Auto Show (NAIAS), македонскиот штанд го претставија директорот на  Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо со неговиот тим и економскиот промотор во Детроит, Дејан Величков.  Тие имаа средби со претставници на голем број компании со кои контактираат веќе подолго време, како и со компании присутни на економското претставување на Македонија од страна на Владата во ноември лани во Детроит.

– Присуството на државна институција од Македонија на конгресот беше позитивно оценето и од организаторот и од голем дел од учесниците кои го посочија ова како пример за држава која работи активно на промоција на можностите и привлекување странски инвестиции, соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

На конгресот во Детроит учествуваат над 1.000 делегати од производители на автомобили и водечки производители на компоненти за автомобилска индустрија од САД и светот. Презентации извршија  претставници на Форд, Ауди, Крајслер, Хонда, Хјундаи и БМВ,  како и глобални производители на компоненти како Денсо, Континентал, Магна, Џонсон Контролс, Брос и Борг Варнер. Беа презентирани и перспективите и глобалните трендови на индустријата во 2013 година. Освен Македонија, со свои штандови на конгресот се претставија и Канада, Англија и региони како Вирџинија и Луизијана.

Извор: www.denesen.mk

Наследникот на Audi R8 на повидок

Претставниците на Audi потврдија дека компанијата размислува за развој на хибрид-дизел суперавтомобил кој би се поставил и над до сега неприкосновениот R8. Моделот би требало да биде конкуренција на McLaren P1, Porsche 918 Spyder и наследникот на Ferrari Enzo, а веројатно ќе го носи името R10.

Гласините велат дека во овој супер-брз автомобил ќе се најде технологија развиена за најновиот “R18 e-tron”, кој оваа година победи на Ле Ман. Директорот на технолошкиот развој на Audi, Волфганг Дурхајмер, во неодамнешно интервју изјави дека “дефинитивно има простор за спортски автомобил подобар од R8”. Тој напомена дека е уверен дека дизелскиот хибрид би се продавал одлично.

Доколку биде произведен, се очекува да има моќност од 700 коњски сили, а брзина од 100km/h би постигнувал за 3 секунди. Со таква моќност, највисоката брзина би изнесувала повеќе од 320km/h.

 

Извор: www.puls24.mk

Вака изгледа Мерцедес од иднината. (ФОТО)

„Мерцедес“ на претстојниот автомобилски саем во Лос Анџелес ќе претстави футуристички концепт на теренското возило Ener G Force.

Ener G Force концептот е развиен за натпреварувањето Design Challenge 2012 кое се одржува во рамки на Саемот за Автомобили во ЛА.

По замислата на неговиот создавач, овој концепт претставува наследник на денешната Мерцедес Г класа, за 2025 година.

 

 

Извор: www.kurir.mk

Дуелот на германските „џебни ракети“: BMW M135i против AUDI RS3 (ВИДЕО)

Крис Харис е еден од најпопуларните британски автомобилски критичари на Интернет, и тој во ова видео ги споредува двата најбрзи и најмоќни европски хечбек автомобили – Aуди рс3 и новиот БМВ м135и.

 

Според Крис, кога два германски автомобили од истата категорија ќе се најдат „очи во очи“ на пазарот, тие се најчесто многу слични – во цената, изгледот и перформансите. Но ситуацијата тука е поинаква.

Ауди рс3 има 2,5-литарски турбобензински мотор со 340КС и погон на сите четири тркала во комбинација со ДСГ менувач, и од 0 до 100 км/ч стигнува за 4,6 секунди.

Неговиот баварски ривал, м135, ја користи најновата изведба на 3,0-литарскиот 6-цилиндарски мотор на БМВ, со 320КС, со погон и на задните и на сите четири тркала. Во комбинација со 6-брзински мануелен менувач спринтот до 100 км/ч трае 5,1 секунда, додека 8-брзинскиот автоматик го скратува времето на 4,9 секунди.

Но најголемата разлика меѓу овие два модели е цената. Во Европа ауди рс3 е речиси за 20 отсто поскап од м135и, што значи дека разликата може да достигне неверојатни 10.000 евра.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ЗА ДУЕЛОТ НА ГЕРМАНСИТЕ “ЏЕБНИ РАКЕТИ”: . . .

Извор: www.mkd.mk

Пет најлоши автомобили на сите времиња

Ви ги претставуваме петте најлоши автомобили одбрани од стручњаци и од самите возачи.

5. Fiat Multipla 1997

4. Trabant 1957

3. Peel Trident 1964

2. Jugo 1980

1. Ford Pinto 1960

Извор: www.puls24.mk

ТOYOTA ПОДГОТВУВА НАСЛЕДНИК НА SUPRA ЗАЕДНО СО BMW

Откако Toyota и BMW ги претставија првите планови за соработка, веќе се појавија и најави дека Јапонците сакаат да направат нов спортски автомобил заедно со баварскиот концерн.

Во интервју за Autoblog, шефот на британската филијала на Toyota, Џон Вилијамс, изјави дека компанијата започнува развој на нов модел, кој ќе биде наследник на легендарната Supra. Според Вилијамс, Toyota треба да го искористи успехот на GT86 и да се развива во соодветна насока. Новиот модел ќе биде хибрид, кој ќе располага со најсовремените технологии на Јапонците и на BMW, а во гените ќе носи ДНК на култ изведбите, како Celica, Supra и MR2.
Ова е модел што ќе биде спакуван од Јапонците, но ништо не се наведува што е тоа што BMW ќе користи од Тоyota, што е особено интересно по разводот на Баварците со Peugeot.

Извор: www.avtoplus.mk