НАЈСКАПАТА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА

Во Јапонија се случи веројатно една од најскапите сообраќајни несреќи во историјата, за среќа никој не е повреден. 

На автопат во префектурата Јамагучи, вчера се судриле осум спортски возила од луксузната марка Ferrari, еден Lamborghini и три Mercedes возила.

Причина за масовниот судир бил неуспешниот обид на еден од возачите на Ferrari да ја смени лентата, соопшти полицијата.

Погледнете го видеото, може да се видат неколку црвени Ferrari следени еден за друг.

Извор: Идивиди

Неколку минути откако бил ослободен, провалник го обил автомобилот на судијката.

Деновиве американскиот дневен весник San Francisco Chronicle објави една неверојатна сторија која минатиот вторник се случила во Сан Франциско.

Имено во вторникот, на граѓанскиот суд во Сан Франциско, 32-годишниот Phiillip Bernard бил на сослушување во врска со претходно покренато обвинение за извршена кражба (провала) на автомобил. Иако тој ја прекршил условната казна поради непојавување на судот, судијката Lillian Sing го пуштила Bernard само со предупредување и му посочила дека треба да се пријави на програма за (еден вид) одвикнување и воедно да бара работа.

 Следува интересниот дел… Bernad го напуштил судот и веднаш “свратил” до паркингот кој се наоѓал зад зградата на судот каде што го искршил задното стакло на првиот автомобил на кој налетал. Нормално, како и покрај секоја судска зграда, во околината имало полицајци кои веднаш го уапсиле Bernard. Изненадување било тоа што автомобилот кој тој го обил бил регистриран на име на судијката Lillian Sing.

Сега, Bernad се наоѓа во затвор и го очекува уште едно обвинение за кражба на автомобил, но овој пат пред повисок суд, каде што за разлика од граѓанскиот нема да помине ни приближно лесно.

Кривични за двојно пријавување оштетно побарување од сообраќајка.

СВР Скопје поднесе кривични пријави против  Б.К. (54)  адвокат од Скопје и Ј.А. (23) од тетовското село Доброште, во својство на оштететен во сообраќајна незгода.

Со намера да се стекнат со противправна имотна корист на име надомест на нематеријална штета од автоодговорност, со двојно пријавување на оштетно побарување од ист штетен настан, како и со лажно прикажување и со прикривање факти ги довеле во заблуда вработените во “Евроинс-осигурување” АД Скопје да им исплати пари во износ од 1.330.824. денари, а на штета на Националното биро за осигурување.

МВР соопшти дека на 4 јули 2007 година околу 23 часот во село Доброште, Тетово  лицето А.Н. кој управувал нерегистрирано патничко моторно возило марка „Форд Сиера“ со тетовски регистарски таблички, била потфатена со тркалото бекатон плочка која отскокнала и го удрила во глава второпријавениот Ј.А. По ова на 20 август 2007 година пријавениот Ј.А. му дал полномошно на адвокатот Б.К. за застапување за наплата на штета причинета во сообраќајна незгода што се случила на 4 јули во село Доброште.

Пријавениот Б.К. во својство на адвокат повикувајќи се на полномошното на 16 октомври истата година до ТД за осигурување “Макошпед” АД Скопје (на кого правен наследник е “Евроинс-осигурување” АД Скопје) поднел барање за исплата за надомест за претрпена штета по основ на задолжително осигурување на трети лица од автоодговорност во вкупен износ од 1.530.000 денари.

Откако е разгледано барањето од страна на ТД за осигурување “Макошпед” АД Скопје е констатирано дека не постои правен основ за негово решавање. На 15 јануари 2008 година Ј.А. повторно поднел барање за надомест на штета од истиот штетен настан, но овој пат во АД “Вардар осигурување – Скопје”- и овој пат е констатирано дека се исполнети условите за исплата на штета, и во февруари 2008 година исплатени се средства во износ од 705.000 денари на трансакциска сметка на второпријавениот Ј.А.

Меѓутоа и покрај тоа што на Ј.А. му бил исплатен надомест од 705.000 денари, Спогодба за надомест, преку полномошникот Б.К. на  4 јуни 2008 година поднел  тужба до Основен суд Скопје 2 Скопје против тужениот ТД за осигурување “Макошпед” АД Скопје за истиот штетен настан. Во тужбата Б.К. нотирал лажни факти дека второпријавениот Ј.А. е од Прилеп, с. Доброште, со намера да ги доведе во заблуда.

Така, на 30 декември 2009 година  Основен суд Скопје 2 Скопје носи пресуда со која  тужениот ТД за осигурување “Макошпед” АД Скопје се задолжува да му исплати на оштетениот, второпријавениот Ј.А., вкупно 1.330.824. денари. Врз основа на таа пресуда “Евроинс-осигурување” АД Скопје исплатило средства во висина од 1.330.824 денари, а на штета на Националното биро за осигурување. Инаку, на пријавениот Б.К. досега му се поднесени уште 11 други кривични пријави за кривичното дела – “осигурителни измами“.