Microsoft неодамна го пушти Windows Embedded Automotive 7

На сета таа модерна технологија вметната под хаубите на денешните модерни автомобили и камиони, потребно и е сериозна софтверска маѓија за да функционира правилно…

Можеби не сте знаеле, и во оваа индустрија Microsoft е еден од најголемите произведувачи на битови и бајти за да можат автомобилите да се движат правилно.

Производители како Fiat, Kia и Nissan, сите користат софтвер кој произлегува од најголемиот софтверски гигант на светот.

Windows Embedded Automotive 7 вклучува технологии како што се Silverlight, која овозможува подобрување на 2D и 3D графиката и Tellme говорна технологија, која овозможува конвертирање на текст во глас во реално време и можност за одговор на текстуални порака со користење на гласовни команди.

Друга интересна иновација презентирана од Microsoft е дека 2011 Nissan Leaf touchscreen информацискиот панел (прикажан на сликата), е всушност придвижуван на технологијата Windows Embedded Automotive. Возачите ќе добијат навигациски систем со локатор на електрично полнење, и монитор за искористеноста на моќноста и следење на работата на климатизерот на автомобилот.

Само не интересира при можно закочување на компјутерот, како возачот ќе ја кликне комбинацијата Ctrl+Alt+Delete.

Извор: koli.com.mk

Advertisements

Citroën DS3 Electrum

Citroën потврди дека во Париз, покрај кабрио изведбата на DS3, својата премира ќе ја има електричниот DS3 Electrum.

Станува збор за целосно електричен концепт врз основа на премиум супермини моделот DS3 Кој е погонуван од два електро мотори на предната оска со моќност од 65 kW (87 КС) и 17.5 kWh литиум-јонска батерија (Panasonic) која може да се полни преку штекер кој се наоѓа на местото за точење гориво.

Од Citroën тврдат дека автомобилот на европскиот тест круг има опсег од 120 km и дека со користење на станица за брзо полнење, батеријата на DS3 Electrum може да се наполни 80 проценти за само 30 минути. Исто така, од француската марка потенцираат дека електичните мотори се доволно компактни за да не се потребни компромиси во кабината или пак багажниот простор на DS3.

Засега, производителот не открива дали DS3 Electrum ќе остане како концепт или пак ќе има негова производвена верзија.

Извор: AvtoPortal

Смарт форСтарс концептот ја трасира иднината на марката

Најновиот концепт форСтарс ќе биде главната ѕвезда на штандот на Смарт на претстојниот париски авто саем.

Според компанијата, иако според дизајнот веднаш се гледа дека е Смарт, форСтарс е всушност најава за дизајнерскиот правец на следната генерација на форТу, а претставува и навестување и за нови модели со истиот амблем.

Она што веднаш се забележува е дизајнот на предните и задните светла, за кои од Смарт велат дека „изгледаат како да туркаат нанапред како стрели – како капките на прозорецот од кокпитот кога полетува авионот“.

Други поистакнати детали се „веѓите“ на предните светла, кои им даваат облик на U, конвексната форма на покривот над главите на патниците и „месните“ гуми.

Прожекторот вграден во предниот дел од хаубата е многу фин детаљ, иако тешко дека ќе влезе во конечната производствена верзија.

И внатрешноста на концептот е еднакво футуристички изведена.

Моторот на форСтарс е „позајмен“ од форТу брабус ев. Бензинскиот мотор е надополнет со електромотор од 80КС, за кој од Смарт тврдат дека е сосема доволно за возење и претекнување во град со максимална брзина од 130 км/ч.

Погледнете го видеото за Smart ForStars…

Извор: www.mkd.mk

TESLA ПОДГОТВУВА КОНКУРЕНТ НА BMW X3

Американската компанија Tesla ја официјализира својата намера да пушти на пазарот мал кросовер кој ќе му конкурира на моделот BMW X3.

Според информации од раководството на седиште во Калифорнија, компанијата до 2016 година треба да понуди пет нови модели. Најевтиниот од нив ќе биде седан верзија, која ќе чини околу 30.000, чие производство е планирано за 2015 година. Освен тоа, производителот на електрични автомобили подготвува и нов спортски автомобил, кој ќе го замени моделот Tesla Roadster.

Најважниот модел, сепак ќе биде кросовер чиј развој веќе е започнат. Во основа ќе биде Tesla Model X, кој беше прикажан на почетокот на 2012 година и над кој компанијата работи уште од 2007 година. Се очекува овој модел да биде пуштен на пазарот во 2013 година, а цената ќе биде помеѓу 60.000 и  90.000 долари.

-Подготвуваме доста изненадувања за нашите клиенти, а меѓу нив ќе има и спортски автомобил, кој ќе ја користи каросеријата на Lotus Elise, открива шефот на Tesla, Елен Мак. – Ова ќе биде вистински суперавтомобил и според динамиката и перформанситѕе, а неговата цена ќе биде мошне прифатлива.

Извор: Avto +

НАЈМОЌНИОТ VOLVO XC90 СО ЧЕТИРИ ЦИЛИНДРИ

Агрегатите за следната генерација на кросоверот ќе се полесни и поекономични. Најголемиот мотор за следната генерација на Volvo XC90 ќе биде 2.0 литарски дизел мотор со четири цилиндри.

Специјално за сите свои нови модели скандинавците развиваат нова линија на четирицилиндерски мотори под името Volvo Environmental Architecture, кој се исклучително еколошки. Агрегатите се со околу 90 килограми полесни и со 35% поекономични од сегашните мотори со ист број на цилиндри. Покрај нив тие ќе ги заменат и 5 и 6-цилиндерските мотори, на кои сега се „попираат“ Швеѓаните.

Се очекува агрегатите на следното XC90 да се опремат со механички компресори и турбини. Првиот од нив е наменет за работа на ниски, а вториот за високи вртежи.

Новата верзија на кросоверот ќе се појави на салонот во Франкфурт, 2013 година и не е исклучено таа да располага и со новата модуларна шасија, на која во моментов напорно работат во Volvo. Тоа треба да го направи моделот полесен, побезбеден и подобар за управување.

Извор: Avto +

FORD FOCUS Е НАЈПРОДАВАН АВТОМОБИЛ ВО СВЕТОТ ВО 2012 ГОДИНА

За седум месеци од годинава се продадени над 500.000 возила на планетава, со што е најдобар во овој период, а воедно со Focus е поврзан и друг клучен настан за Ford, излегувањето како 350-милионитиот произведен автомобил во историјата на компанијата.

Ford Focus е најпродаван автомобил во светот за 2012 година, надминувајќи ги и најголемите конкуренти во компактната класа. Над 500.000 автомобили од моделот Focus се продадени од јануари до јули, што секако претставува историски успех за компанијата чиј заштитен знак е синиот овал. Како досега течат работите мошне реално е да бидат надминати рекордните 860.000 продадени автомобили Focus минатата година. Всушност Ford продал точно 522.821 автомобили Focus за првите 7 месеци од 2012 година и ги надминува остварувањата за истиот период на Toyota Corolla и Volkswagen Golf.

Со Focus е поврзан и друг клучен настан за Ford, 350-милионитиот произведен автомобил во историјата на компанијата.

-Размислете подетално на момент, за бројката од 350 милиони автомобили, изјави Џон Флеминг, извршен потпретседател за глобално производство во Ford, по повод овој миг. -Тоа е еднакво на производство на еден автомобил на секои 10 секунди во текот на 109 години, и ако овие автомобили се ставаат еден зад друг ќе стигнат до месечината и назад, и тоа два пати!

Ford Focus се појавува за прв пат во Европа во 1998 година, а во 1999 година ја освои наградата Автомобил на годината. Оваа, трета генерација на компактниот модел, претставена минатата година, дизајнирана е со поинаков пристап, со голем број врвни технологии и карактеристики. Во Европа новиот Focus е достапен со 4 и 5 врати и караванска изведба. Оваа година Ford го претстави Focus ST со 250 КЅ. Треба да се напомене посебно дека во Европа се нуди новиот Focus со 1.0-литарски EcoBoost бензински мотор, прогласен за Светски мотор на 2012 година. Првиот целосно електричен патнички автомобил на Ford – Focus Electric со нулта емисија, ќе се нуди во 2013 година.

Извор: Avto +

КАКВИ ЌЕ БИДАТ АВТОМОБИЛИТЕ НА ИДНИНАТА (ОСВЕН ШТО ЌЕ ЛЕТААТ)?

Научниците и инженерите се сигурни во едно, автомобилите дефинитивно ќе летаат во иднина. Сигурни се и во пет други работи поврзани со возилата од иднината. Еве што не очекува, барем според нив.

1. Автомобилите наскоро ќе левитираат. Тоа е процесот кој треба да биде готов пред да започнат со летање. Тоа значи дека наскоро ќе имаме и возила без тркала. Кому требаат тркала кога можеш да лебдиш?

2.Тие ќе ја менуваат бојата во возење, во зависност од музиката која ја слушате. Во иднината, автомобилите ќе имаат ЛЕД светла кои ги менуваат своите бои во зависност од видот на музиката која се слуша внатре.

3. Генијалците од Гугл веќе развиле автомобил кој се вози самиот. Тој моментално се тестира, што значи дека многу наскоро концептот ќе го имаат сите производители на автомобили.

4. Денес имаме електрични автомобили, но нивните батерии се трошат многу бргу. Група на канадски научници откриле дека мембраната од лушпата на јајцето може да се користи наместо традиционалните батерии и можат да траат многу подолго. Освен за автомобили, тие наскоро ќе се користат и за лаптопи и мобилни телефони.

5.Освен со лушпи од јајца, автомобилите ќе се полнат и со сончева енергија. Слични автомобили имаме и сега, тоа се возила кои ја комбинираат сончевата енергија со други извори. Но, наскоро, возењето ќе биде овозможено само со убавото време.

Извор: Fakulteti.mk