PARIS MOTOR SHOW 2012: ŠKODA RAPID

Главната новина на штандот на Škoda на салонот во Париз е целосно новиот Rapid, модел што ќе се обиде да освои сосем нов бран на корисници, а првите испораки на возилата се пред крајот на годината.

Škoda Rapid ќе освои корисници кои посакуваат стилски и динамичен дизајн. Ова е првиот автомобил на брендот, кој може да се пофали со целосно нова стилистика, која етапно ќе ја видиме и во наредните верзии на актуелните во моментов моделски предлози. Rapid ја дополнува гамата, сместен помеѓу помалата Fabia и поголемата Octavia. Големиот простор на автомобилот  е репер во сегментот. Ниту еден друг автомобил во класата не нуди толку простор кај колената и над главата, како и кај багажникот – 550 литри.”

Како и кај сите други модели и кај Rapid посебен акцент е ставен на практичноста. Новиот модел има над 19 “Simply clever” решенија. Еден пример е особено генијален, гребалка за мраз интегрирана во капакот за полнење гориво. Други практични решенија вклучуваат реверзибилен под кај багажникот и под седиштето на возачот.

Rapid е првиот автомобили на брендот со нов Škoda дизајн: атрактивен , модерен, јасен, прецизен и безвремен. Во центарот на предниот дел на автомобилот е поставено новото лого, хромирана крилеста стрела со црна мат позадина која е елегантно заокружена со хромирана линија. Позиционирањето на главните светла и светлата за магла е такво што наликува на детелина со четири листа. Од страна гледан Rapid е елегантен и има купе силуета со јасна поделба на површините и линиите. Задниот дел на возилото е чист, свеж и прецизен: задните светла го имаат типичниот Škoda дизајн со С изглед.

Новата Škoda Rapid, близнак на новиот Seat Toledo, е долга 4.48 метри и е широкa 1.7 метри, ќе се нуди со избор меѓу пет бензински и два дизел мотори. Во областа на безбедноста, Rapid импресионира со опрема за сеопфатна активна и пасивна заштитна.

Погледнете го видеото за новата Škoda Rapid…

Извор: www.avtoplus.mk

Advertisements

Тежок избор… Автомобилот или девојката?!

По цена од 25 евра и во ограничена количина од 1.500 примероци, календарот Miss Tuning 2013, кој секоја година го подготвуваат организаторите на Tuning World Bodensee, веќе може да се нарача.

 

Годинешната Мис Тјунинг, Фрици Арнолд гостуваше во Финска, каде им додаде малку убавина на прекрасните класични автомобили. Моментите ги овековечи Макс Сим, кој очигледно не се доведе во искушение да бира меѓу восхитувачката архитектура на Хелсинки, воодушевувачките пејсажи на земјата на илјадата езера, лудите автомобили и убавината на 22-годишната Фрици.

Извор: Avto +