НОВАТА ВЕРЗИЈА НА CITROEN 2CV ДОГОДИНА

Во историјата на Citroen има еден генијален автомобил, евтин и посакуван од сите. Тоа е моделот 2CV, кој  го имаше прекарот „грдото пајче“. Како што покажува искуството на MINI и Fiat 500, преродбата на легендата, за која луѓето чувствуваат носталгија, е добар макетиншки потег. Затоа и Французите сметаат да  го реанимират најевтиниот копактен модел, чија нова верзија ќе излезе на пазарот следната година.

Новата верзија треба да го заземе местото меѓу моделите С1 и С3, а од Citroen ветуваат дека создале автомобил токму таков каков што посакуваат многу луѓе – едноставен, економичен, современ и со прифатлива цена . Дизајнот на идниот модел ќе биде во стилот на концептот C Cactus, кој беше прикажан на салонот во Франкфурт пред пет години. Од Citroen сепак се категорични дека двете возила, сепак нема да се слични. И повторно потсетуваат – цената на возилото нема да биде висока, како што е случајот со реинкарнираните MINI и Fiat 500, а главниот пазар на кој ќе биде е Европа.

Производството на автомобилот ќе биде во фабриката на компанијата во Мадрид. За 2CV нема да биде направена нова платформа, ќе се користи онаа која е дел од сегашните С1 и С3. Се очекува должината на возиоото да биде околу 4.2 метри каросеријата ќе биде со пет врати, а во внатрешноста ќе можат да се сместат пет патници. Системи од видот на start-stop и камера за назад нема да има, бидејќи ќе ја зголемат цената на моделот, што не е желбата на Французите. Citroen сепак размислува и пуштање на хибридна верзија, иако таа нема да биде евтина.

Извор: www.avtoplus.mk

Citroën DS3 Electrum

Citroën потврди дека во Париз, покрај кабрио изведбата на DS3, својата премира ќе ја има електричниот DS3 Electrum.

Станува збор за целосно електричен концепт врз основа на премиум супермини моделот DS3 Кој е погонуван од два електро мотори на предната оска со моќност од 65 kW (87 КС) и 17.5 kWh литиум-јонска батерија (Panasonic) која може да се полни преку штекер кој се наоѓа на местото за точење гориво.

Од Citroën тврдат дека автомобилот на европскиот тест круг има опсег од 120 km и дека со користење на станица за брзо полнење, батеријата на DS3 Electrum може да се наполни 80 проценти за само 30 минути. Исто така, од француската марка потенцираат дека електичните мотори се доволно компактни за да не се потребни компромиси во кабината или пак багажниот простор на DS3.

Засега, производителот не открива дали DS3 Electrum ќе остане како концепт или пак ќе има негова производвена верзија.

Извор: AvtoPortal