ВИДЕО КАМЕРИ НА ПАТНАТА МРЕЖА,
ПАТАРИНИТЕ И ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Тојота моментално работи на системи кои драстично ќе ги намалат сообраќајните незгоди, и ќе овозможат автомобилите да комуницираат меѓу себе и со патиштата.
Автомобилите примаат информации од сензори и предаватели кои се инсталирани на улиците, за да се минимизира ризикот од сообраќајќи во ситуации како поминување на црвено светло, пешаци кои ја поминуваат улицата и слично. Се тестира и преносот на такви информации меѓу автомобилите.
Претставници на Тојота изјавија дека технологијата на „паметни“ автомобили ќе почне да се тестира на јапонските улици од 2014-та година. Слични тестирања се планираат во САД, иако за тоа нема никакви детали.
Сите производители на автомобили развиваат безбедносна технологија за да ја зголемат вредноста на автомобилите, особено на развиените пазари во САД, Европа и Јапонија.
Конкуренцијата на Тојота, Нисан, неодамна претстави автомобили кои биле доволно „паметни“ сами да сопрат, да се паркираат и да избегнат пешаци кои неочекувано ќе им се најдат на патот.
Од Тојота велат дека технологијата наскоро ќе биде достапна, но нема официјален датум, и се претпоставува дека ќе ја имаат луксузните модели Lexus.
Професорот на Универзитетот Парма, Алберто Броги, кој е и експерт за системи за интелигентен транспорт, вели дека идејата за автомобили без ризик за несреќа е „многу актуелна“ и дека веројатно ќе стигне на патиштата за неколку години.
На сета таа модерна технологија вметната под хаубите на денешните модерни автомобили и камиони, потребно и е сериозна софтверска маѓија за да функционира правилно…
Можеби не сте знаеле, и во оваа индустрија Microsoft е еден од најголемите произведувачи на битови и бајти за да можат автомобилите да се движат правилно.
Производители како Fiat, Kia и Nissan, сите користат софтвер кој произлегува од најголемиот софтверски гигант на светот.
Windows Embedded Automotive 7 вклучува технологии како што се Silverlight, која овозможува подобрување на 2D и 3D графиката и Tellme говорна технологија, која овозможува конвертирање на текст во глас во реално време и можност за одговор на текстуални порака со користење на гласовни команди.
Друга интересна иновација презентирана од Microsoft е дека 2011 Nissan Leaf touchscreen информацискиот панел (прикажан на сликата), е всушност придвижуван на технологијата Windows Embedded Automotive. Возачите ќе добијат навигациски систем со локатор на електрично полнење, и монитор за искористеноста на моќноста и следење на работата на климатизерот на автомобилот.
Само не интересира при можно закочување на компјутерот, како возачот ќе ја кликне комбинацијата Ctrl+Alt+Delete.
Извор: koli.com.mk
За многумина, чекањето на семафор претставува една од најомразените работи. Но што ако процесот на чекање на зеленото светло би бил малку поинтересен?…
Извор: koli.com.mk
Научници од Институтот за технологија во Масачусетс развиваат комуникацискиот систем кој им овозможува на возилата да добијат три-димензионална слика на улиците.
Системот ја намалува опасноста од судир со пречка или човек за 14 пати и му овозможува на возилото “да гледа” со роботизирани очи на другите возила и препреки на патот.
Технологијата се нарекува CarSpeak и обезбедува континуирано три-димензионален поглед на регионот во кој се движи возилото, а ги користи информациите испратени од другите учесници во сообраќајот или од сензори поставени фиксно на критичните точки. Така возачите секогаш знаат што има зад аголот и можат спокојно да маневрираат, без да се загрижени дека може ненадејно да удрат во човек или друга пречка.
Во системот се обработуваат огромен број податоци кои се собираат со ласер опрема во автомобилот. Испраќањето на информациите до сите автомобили во реонот брзо се реализира преку вообичаените постоечки мрежи. Затоа системот во континуитет има преглед на делници од патот.
Извор: Avto +