РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА

ВИДЕО КАМЕРИ НА ПАТНАТА МРЕЖА,

ПАТАРИНИТЕ И ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ВО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА

Извор: www.roads.org.mk

Advertisements

Како автомобилите на иднината ќе спречуваат судари?

Автомобилите во блиска иднина ќе имаат уреди за комуникација и ќе комуницираат меѓу себе, а идејата е да спречат судирите. Проектот е дел од студијата на американскиот Департмент за сообраќај во рамките на која околу 3.000 „зборлести“ автомобили се пуштени низ патиштата во САД и притоа постојано ја јавуваат својата позиција и испраќаат пораки во комуникацијата со останатите автомобили… (прочитај повеќе)

Извор: www.kajgana.com

Тојота тестира „паметни“ автомобили

Тојота моментално работи на системи кои драстично ќе ги намалат сообраќајните незгоди, и ќе овозможат автомобилите да комуницираат меѓу себе и со патиштата.

Автомобилите примаат информации од сензори и предаватели кои се инсталирани на улиците, за да се минимизира ризикот од сообраќајќи во ситуации како поминување на црвено светло, пешаци кои ја поминуваат улицата и слично. Се тестира и преносот на такви информации меѓу автомобилите.

Претставници на Тојота изјавија дека технологијата на „паметни“ автомобили ќе почне да се тестира на јапонските улици од 2014-та година. Слични тестирања се планираат во САД, иако за тоа нема никакви детали.

Сите производители на автомобили развиваат безбедносна технологија за да ја зголемат вредноста на автомобилите, особено на развиените пазари во САД, Европа и Јапонија.

Конкуренцијата на Тојота, Нисан, неодамна претстави автомобили кои биле доволно „паметни“ сами да сопрат, да се паркираат и да избегнат пешаци кои неочекувано ќе им се најдат на патот.

Од Тојота велат дека технологијата наскоро ќе биде достапна, но нема официјален датум, и се претпоставува дека ќе ја имаат луксузните модели Lexus.

Професорот на Универзитетот Парма, Алберто Броги, кој е и експерт за системи за интелигентен транспорт, вели дека идејата за автомобили без ризик за несреќа е „многу актуелна“ и дека веројатно ќе стигне на патиштата за неколку години.

Извор: www.on.net.mk

Мал историјат на TÜV ознаката

Широко познатата ознака кога се работи за увоз на половни автомобили (TÜV) оваа година слави јубилеј од 50 години, откако се применува во Германија.

TÜV ознаката на регистарските таблички се користи од 1961 година. Се работи за мала лепенка во форма на круг, која се наоѓа на регистарските таблички и со која е означено дека возилото е технички исправно за сообраќај до одреден период (кој месец). Пред воведувањето на TÜV лепенките возачите на автомобили во Германија биле повикувани по пат на пошта и писма да дојдат на контрола за исправност на возилата.
Со годините системот за контрола на исправноста на возилата е усовршуван и стана се посложен, како поради екологијата, така и поради се поголемите сигурносни барања. Како што во таа област се воведуваат се повеќе електронски контроли, така од 2012 година се планира исправноста на возилата, а со самото тоа и TÜV ознаките (лепенките) да се контролираат со посебни електронски уреди.
Во првите години, па се до 1973 година контролната лепенка имала втиснати броеви на месеците во насока на стрелките на часовникот на бела подлога. Денес лепенката има 12 кружни делови со бројки кои се движат во обратна насока од стрелките на часовникот, а два црно означени исечоци овозможуваат полесно да се воочи во кој месец треба да се изврши TÜV тест на возилото.
Од 1980 година се менуваат боите на лепенките – сина, жолта, розева, зелена, портокалова и тоа на годишно ниво. Помеѓу 1985 и крајот на 2009 година воведени се хексагонски лепенки за тест на издувни гасови на предната регистарска табличка. И таа ознака ги следеше дизајнот и бојата на главната лепенка.
Извор: koli.com.mk