Смарт форСтарс концептот ја трасира иднината на марката

Најновиот концепт форСтарс ќе биде главната ѕвезда на штандот на Смарт на претстојниот париски авто саем.

Според компанијата, иако според дизајнот веднаш се гледа дека е Смарт, форСтарс е всушност најава за дизајнерскиот правец на следната генерација на форТу, а претставува и навестување и за нови модели со истиот амблем.

Она што веднаш се забележува е дизајнот на предните и задните светла, за кои од Смарт велат дека „изгледаат како да туркаат нанапред како стрели – како капките на прозорецот од кокпитот кога полетува авионот“.

Други поистакнати детали се „веѓите“ на предните светла, кои им даваат облик на U, конвексната форма на покривот над главите на патниците и „месните“ гуми.

Прожекторот вграден во предниот дел од хаубата е многу фин детаљ, иако тешко дека ќе влезе во конечната производствена верзија.

И внатрешноста на концептот е еднакво футуристички изведена.

Моторот на форСтарс е „позајмен“ од форТу брабус ев. Бензинскиот мотор е надополнет со електромотор од 80КС, за кој од Смарт тврдат дека е сосема доволно за возење и претекнување во град со максимална брзина од 130 км/ч.

Погледнете го видеото за Smart ForStars…

Извор: www.mkd.mk

Advertisements

НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА SMART ВО ФРАНКФУРТ.

По подолго време на подготвување, Daimler веќе ги скрои плановите за претставување на новата генерација на Smart.

Направен во соработка со Renault, новиот супермал градски автомобил своето присуство на пазарот ќе го најави најпрво со концепт на салонот во Париз есенва, а финалната производствена верзија ќе се чува за најпрестижната изложба на германската автомобилска индустрија, салонот на автомобилите во Франкфурт идната година. Според непотврдените информации, истовремено ќе бидат претставени и двете верзии на Smart кои се подготвуваат – ForTwo со две и поголемиот ForFour со четири седишта. И двата модела ќе имаат механика развиена во партнерство со Renault, како резултат на соработката која двата производитела ја договорија во 2010 година. Се очекува како основа на нивниот дизајн да бидат искористени студиите ForVision од Франкфурт 2011 и ForUs од годинешниот салон во Детроит.

Извор: Avto +