Модерна магистрала ќе ги поврзе Радовиш и Струмица.

Радовиш и Струмица ќе се поврзат со модерна магистрала која ќе овозможи побрз проток и побезбеден сообраќај. Се очекува овој патен правец да биде пуштен во употреба во јануари наредната година.

Патниот правец е во должина од 10 километри на кој е предвидено брзина на движење од 100 километри, наместо досегашните 40 километри што ги овозможува постоечкиот патен правец. Како се одвиваат работите на терен денеска се информираа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.

– Патниот правец од Радовиш до Струмица е ветување за граѓаните во овој дел. На терен се работи во полна пареа. Агенцијата за државни патишта и изведувачот „Гранит“ и во наредните неколку недели ќе продолжат со интензивно темпо на изградба и на почетокот на следната година ќе се заврши овој патен правец. Калдрмата ќе биде минато, а овој модерен пат ќе биде иднината која ќе помогне за граѓаните од овој регион да се возат безбедно и да имаат полесен пристап до Штип, па и до Скопје, изјави вицепремиерот Ставрески.

Тој најави дека во наредните четири години во патната и во железничката инфраструктура ќе се реализираат крупни проекти. Притоа посочи дека по насока од Владата Агенцијата за државни патишта ќе изготви проект за проширување и на патниот правец Велес – Кадрифаково на кој се случуваат сообраќајни несреќи бидејќи е тесен. Агенцијата треба да изработи проект во кој ќе предвиди патен правец широк 11 метри со две главни и две помошни ленти со што ќе се зголеми безбедноста и на овој патен правец и ќе се олесни патувањето на тој дел од Република Македонија. Во делот на источниот дел од земјава, како што рече министерот, има интензивна изградба и ќе има и во наредниот период.

Говорејќи за инфраструктурните проекти во наредните четири години, вицепремиерот Ставрески истакна дека е отворен градежен фронт, дека се работи на автопатот Демир Капија – Смоквица како еден од најголемите проекти што ќе се реализираат во наредните неколку години и дека Владата настојува да обезбеди финансиска конструкција и средства за реализација на автопатите кои беа најавени од Кичево до Охрид и од Миладиновци до Штип.

Тој изрази надеж дека ќе се обезбеди и концесионер за делниците од Гостивар до Кичево и од Скопје до Блаце, бидејќи станува збор за патни правци каде што има поголем проток на возила и од тој аспект се поатрактивни за концесија.

Владата ќе продолжи, како што најави министерот, и на реализација на проектите за изградба на регионални и локални патишта.

Патниот правец Радовиш чини 445 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија и градежните работи ги извршува „Гранит“ откако е раскинат договорот со претходниот изведувач поради доцнење со роковите (хрватска ИНГРА).

 

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

 

 

понеделник, 24 септември 2012 13:38:00
СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Извор: АМСМ

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

недела, 23 септември 2012 13:37:00
СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Извор: АМСМ

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

сабота, 22 септември 2012 14:40:21
СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. Наместа влажни коловози има само преку повисоките п
ланински и осојничави места. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Извор: АМСМ

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

 

понеделник, 17 септември 2012 14:07:00

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради врнежите од дожд на патните правци од Штип кон Делчево и Берово има одрони на патот кои редовно се расчистуваат од дежурните екипи на Македонија пат. Нема застој во сообраќајот, но се препорачува крајно внимателно упраување со возилата. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

 

Извор: АМСМ

ЦЕЛОСЕН ПРЕГЛЕД НА ТУНЕЛИТЕ НА ГЛАВНИТЕ И РЕГИОНАЛНИТЕ ПАТИШТА

Извор: http://www.mvr.gov.mk

Почна изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица

Почна изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица

 

Почнаа работите на последната и најскапа делница на меѓународниот патен Коридор 10 која чини вкупно 257 милиони евра. Почетокот на работите на делницата Демир Капија – Смоквица го означија премиерот Никола Груевски и владиниот тим. Делницата во наредните четири години ќе се гради делумно и со европски пари како грант од 45 милиона од Европската Унија, а 130 милиони се кредит од Европската инвестициска банка и 90 милиони кредит од Европска банка за обнова и развој.

Започна изградбата на автопатската делница од Демир Капија до Смоквица во должина од 28 километри. Ова е најголема инвестиција во патната инфраструктура во изминатите 21 годинa, истакна денеска премиерот Никола Груевски на поставувањето на камен – темелникот.

„Започнувајќи го овој проект Република Македонија докажува дека е способна за големи и капитални проекти, проекти кои носат големи придобивки за многу генерации. Ние знаеме дека добрите патишта се основа за безбедноста на нашите граѓани и забрзан економски развој“, вели Никола Груевски, премиер на Владата.

Инвестицијата вкупно чини 271 милиони евра. Од нив 45 милиони се неповратни средства од ЕУ, додека останатите се обезбедени преку кредити од Европските банки.

„Овој автопат ќе помогне во забрзувањето на регионалната интеграција и на тој начин ја симболизира самата амбиција на ЕУ подобро поврзување на нејзините граѓани и нејзините пазари ќе го намали времето за патување и ќе ја подобри безбедноста на патиштата. А со тоа ќе го подобри квалитетот на животот“, истакна Аиво Орав, специјален претставник на ЕУ во Македонија.

Градежните работи на изградбата на оваа делница од автопатот „Александар Македонски“ започнуваат на одбележувањето на денешниот празник, Денот на независноста. Ако пред 21 година македонскиот народ го доби најдрагоценото нешто, желба на многу генерации претходно, сега ние генерациите коишто живееме во Македонија треба да работиме за неа, за нас и за поколенијата, рече вицепремиерот Ставревски.

„Денес треба да ја продолжиме визијата на Даме, Гоце и на сите оние коишто го дадоа животот за Република Македонија. А таа визија е да се работи да се гради да се создава нова вредност и да се остави наследство на идните генерации“, смета Зоран Ставревски, вицепремиер на Владата.

Изградбата на овој дел од Коридорот 10 ќе заврши во наредните 4 години.

„Ќе биде изградена најтешката делница и ќе биде отстрането најтесното грло односно со целосно автопатско решение ќе биде премостена Демиркаписката клисура“, рече Пешевски,

„ Во целост ќе се комплетира изградбата на делот од меѓународниот Коридор 10 кој поминува низ Македонија на ниво на автопат. Нашата визија и цел за современа здрава патна инфраструктура станува реалност “, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Новата автопатска делница од Демир Капија до Смоквица ќе се гради од спротивната страна на постоечкиот пат и реката Вардар и опфаќа две клучки, два двоцевни тунели, шест мостови, седум подпатници и пет надпатници.

Извор: http://www.kanal5.com.mk