Со македонски возачки дозволи ќе се вози низ Албанија.

Македонските граѓани со македонски возачки дозволи ќе можат да возат во Албанија, информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

На последната владина седница донесена е одлука за реципрочно признавање на возачки дозволи.

Ова значи дека македонските граѓани кои претстојуваат во Албанија ќе можат да возат со македонски дозволи без никакви дополнителни полагања.

Истото ќе важи и за албанските државјани во нашата земја. Ваквата пракса, македонската Влада очекува да биде применета и со уште неколку земји од регионот.

Реализацијата на оваа одлука се очекува да се примени по потпишувањето на Договорот кој се реализира во рамки на посетата на премиерот Никола Груевски на Република Албанија.

Според најавите, Груевски во рамки на посетата оствари средби со албанскиот колега, а беше потпишан и меѓународен договор.

Извор: www.bezpardon.mk

Advertisements

Ќе се градат автопати помогнати од Кина

Изградба на автопатска делница Миладиновци – Штип и надградба на патната делница Штип – Кочани, како и изградба на автопат Кичево – Охрид и на патот Охрид – Св. Наум, се приоритетни инфраструктурни проекти за македонската Влада што треба да ги реализира преку соработка и поддршка со Владата на Народна Република Кина.

Меѓудржавниот договор денеска во Скопје го потпишаа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и кинескиот амбасадор во Скопје Цуј Џивеи.

– Со Договорот се дава приоритет на изградбата на инфраструктурните проекти, односно патна и железничка мрежа, мостови, електроенергетски и телекомуникациски објекти и активно се охрабрува соработка помеѓу банките и компаниите во двете држави со цел непрекината и успешна соработка, рече министерот Јанакиески по потпишувањето на договорот.

Според него, паралелно ќе се работи на изградбата на сите планирани делници, но најбргу може да се почне со автопатот Миладиновци – Штип за кој веќе е изготвен финален проект и е почнат процес за експропријација. На ниво на автопат ќе биде и патот Кичево – Охрид, за кој исто така веќе се изготвени проекти, а за патот Охрид – Св. Наум Агенцијата за државни патишта во наредните две години треба да изготви проектна документација.

За финансирање на делниците се планира да се искористат дел од 10 милијарди евра што ги најави кинеската Влада за развој на Југоисточна Европа, со кредитирање преку кинеската Експорт импорт банка. Динамиката и димензионирањето на тие проекти, според Јанакиески, ќе биде согласно Стратегијата за надворешниот  долг на Република Македонија.

– Моментно Владата на НР Кина најави дека имаат на располагање 10 милијарди евра наменети за развој на земјите од Југоисточна Европа, но можеби  во иднина ќе има и други можности  за развој на инфарструктурата. За патот Миладиновци – Штип нашата тенденција е да искористиме дел од тие 10 милијарди евра, а во иднина можеби ќе има и други  поповолни линии или друг начин на финансирање. Во конкретниот случај  за тие 10 милијарди евра се работи за  многу поволно кредитирање од кинеската Ексим банка, појасни Јанакиески.

Владата, укажа, сака да се реализираат сите приорити, но мора да се исполнат сите услови согласно Стратегијата за надворешниот долг, капацитетот на двете држави и сите останати мерки што ќе бидат преземени во иднина.

– Како  држава се уште сме во границата на ниско задолжени земји, но сепак треба да се почитува Статегијата за надворешниот долг во РМ при евентуални кредити за изградба на инфраструктурата. Но, овие проекти се наш приоритет и во соработка  со Министерството за финансии и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски ќе утврдиме динамика, бидејќи паралелно Министерството за транспорт  и врски со Министерството за финансии работи и на обезбедување  средства за изградба на Коридорот 8 кон Бугарија  и за гасификацискиот систем, појасни Јанакиески.

Кинескиот амбасадор во Скопје оцени дека договорот е резултат на долги подготовки и разговори помеѓу двете влади и претставува можност за продлабочување на соработката.

Договорот за соработка, меѓу другото, опфаќа и техничка помош од експерти, професионалци специјализирани за обука на домашни лица за изработка на развојни планови и други работи поврзани со инфраструктурните проекти, одржување тренинг курсеви, набавка на машини, опрема и материјали, размена на искуства  за сигнализација и интегрирани системи…

Извор: www.denesen.mk

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија изврши корекција на цената на горивата. Од полноќ бензинот поскапува за денар и половина, а дизелот за половина денар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари по литар, односно за 1 денар по литар. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 80,00 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 изнесува 81,50 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,50 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61,00 денар.

Малопродажната цена на мазутот М -1 НС се зголемува за 0,520 ден/кг, и ќе изнесува 42,937 ден/кг.

Извор: www.kanal5.com.mk

Почнува електронското тестирање за возачки испит

Во просториите на испитниот центар на АМСМ во Тетово, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ќе присуствува на отпочнување на електронското тестирање на кандидатите при полагањето на теоретскиот дел од возачкиот испит.

Како што веќе најави МВР, согласно проектот „е-тестови“, сите кандидати кои од 01.10 годинава се пријавени за полагање на теоретскиот дел од испитот за возачка дозвола прашањата ќе ги добиваат во форма на електронски генерирани тестови.

Извор: www.kurir.mk

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

четврток, 11 октомври 2012 15:14:25

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Г.Д. Гранит известува дека од ден 24.09.2012 (понеделник) започнува рехабилитација на магистралниот пат М-1 – делница Катланово-Велес. Сообраќајот од две коловозни ленти ќе се пренасочи во една. Периодично сообраќајот ќе се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Извор: www.amsmspi.mk/mk/sostojba.asp

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

понеделник, 8 октомври 2012 11:56:44

вторник, 2 октомври 2012 18:12:00

Извор: АМСМ