Од 19-ти јануари единствени европски возачки дозволи

Од 19-ти јануари единствени европски возачки дозволи

Наместо досегашните стотици модели возачки дозволи во Европската унија, од следната сабота 19-ти јануари ќе започне издавањето со единствените нови пластични дозволи во формат на кредитните картички.

Новата директива за возачките дозволи стапува на сила на 19-ти јануари 2013 година, што значи дек ановите возачки дозволи издадени по тој датум во сите земји членки ќе мора да бидат според единствениот европски модел.

Со новите прописи се укинуваат возачките дозволи со неограничено важење кои постојат во некои земји членки од Европската унија и тие ќе мора да заменат до 19-ти јануари 2033 година. Земјите членки на ЕУ имаат можност да издаваат дозволи со рок на важење од 10 до 15 години. Дозволите за професионални возачи ќе важат пет години, а при секое продолжување на важноста професионалните возачи ќе мора да минат лекарски преглед.

Се воведуваат и построги правила за управување со мотоцикли. За управување со скутери, најмалите мотоцикли, ќе се бара полагање на теоретски испит, а земјите членки може да се одлучат и за воведување на практичен испит.

За поголемите мотоцикли предвидени се две можности: полагање на возачки испити ќе биде можно со навршени 24 години, наместо како досега со 21 година, а втората можност е да се овозможи пристап за полагањето на испитите со навршени 20 години за оние кои имаат најмалку две години искуство во управување со помал мотоцикл. Со таа мерка се сака да се принудат мотоциклистите искуство прво да стекнат искуство на помали скутери пред да минат на посилни мотоциклисти.

Новата директива треба да ја оневозможи практиката оние на коишто ќе им биде одземена возачката дозвола во една земја членка да полагаа во друга земја членка на Европската унија. Исто така, предвидено е и високо ниво на заштита од фалсификување.

Директивата беше донесена во 2006 година, а земјите членки мораа да га вградат во своите законодавства до крајот на минатата 2012 година, за да може да се спроведува од 19-ти јануари 2013 година.

Главните цели за воведувањето на ваквите единствени возачки дозволи се подобрување на безбедносната во сообраќајот, олеснување на користењето на слободата на движењето на возачите во Европската унија, но и спречување на измами Новата директива значи дека граѓанин на ЕУ на кој му е одземена возачката дозвола, било поради управување на возило во алкохолизирано било поради други прекршувања на законот или од здравствени причини, не смее да ја мине границата и да побара издавање на нова во друга земја членка, што досега се случуваше во Европа.

 

Извор: www.lisica.mk

Advertisements

КОЧНИЦИ ЗА “ИТНИ СЛУЧАИ” НА НОВИТЕ “VOLVO” КАМИОНИ

VOLVO TRUCKS CORPORATION

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО СО КАКВИ СОПИРАЧКИ РАСПОЛАГА НОВИОТ  “VOLVO” !

Извор: www.motika.com.mk

ЕУ воведува “паметни камери”

Европската Унија воведува нови “паметни камери” кои можат да снимат повеќе прекршоци во сообраќајот…

Освен брзината со која возите, новите камери ќе можат да утврдат колкава е оддалеченоста од возилото пред вас , дали ги носите сигурносните појаси, и дали вашето возило е осигурано, па дури и дали се платени даноците за возилото кое го управувате.
Новата генерација се уште се тестира во VVT техничко-истражувачкиот центар во Финска. Развојот на ASSET (Advanced Safety and Driver Support for Essential Road Transport) е започнат уште во 2008 година, а се очекува првите “паметни” камери да бидат поставени во 2013 година.
Matti Kutila, научникот од финскиот институт изјавил дека “Главна цел на камерите е да и се помогне на сообраќајната полиција за да може да се идентификуваат повеќе сообраќајни несреќи”.
Британската автомобилска асоцијација претпоставува дека овие нови камери можат да послужат само како нов извор на приход на локалните власти.

 

Извор: koli.com.mk

Италијанците се најлоши возачи во Европа

Покрај тоа што другите ги квалификуваат како такви, интересно е што во голем процент самите Италијанци се изгласале за најлоши возачи на Стариот Континент…

Во анкета спроведена во Велика Британија, во која учествувале 30.000 луѓе кои редовно патуваат низ Европа, ги изгласале Италијанците за најлоши и најпроблематични возачи во Европа, со 23.7%.

По нив, очекувано – проблематични насекаде, Грците, со 15.6%. Полјаците се трети – 14%.

Интересно е што дури 29% од анкетираните лица со Италијански пасош се изјасниле дека возачките способности и навики на Италијанците не се на задоволително ниво.

Еве ја комплетната листа:

Најлоши возачи, по националност:

1) Италијанци – 23.7 %
2) Грци – 15.6 %
3) Полјаци – 14 %
4) Германци – 7.9 %
5) Французи – 7.7 %
6) Холанѓани – 5.6 %
7) Шпанци – 5 %
8) Британци – 4.1 %
9) Белгијци – 3.9 %
10) Швеѓани – 2.7 %
11) Данци – 2.5 %
12) Швајцарци – 2.2 %
13) Норвежани – 1.9 %
14) Австријци – 1.6 %
15) Финци – 1.5 %

Извор: koli.com.mk