АНГЛИЧАНИ ПРЕТСТАВИЈА ХИБРИДНА ТРАНСМИСИЈА

Британската компанија Xtrac која испорачува менувачи за тимовите од Формула 1 и за некои производители на скапи и луксузни модели, создаде нова трансмисија за спортски автомобили.

АНГЛИЧАНИ ПРЕТСТАВИЈА ХИБРИДНА ТРАНСМИСИЈА

Проектот беше претставен на меѓународен симпозиум во Берлин, посветен на иновативни менувачи, како и на хибридни и електрични погон на автомобилите. Новиот 7-степен менувач на Xtrac беше наречена од компанијата „хибридна автоматизирана механика“. Таа е наменета главно за автомобили, чии мотори имаат вртежен момент помеѓу 800 и 1000 Nm, a ќе им овозможи да бидат доста поекономични и ќе исполнуваат еколошките норми кои ќе влезат во сила во 2020 година.

АНГЛИЧАНИ ПРЕТСТАВИЈА ХИБРИДНА ТРАНСМИСИЈА2

Една од особеностите на трансмисија е 120-киловатен електромотор, кој и овозможува на машината да се движи само на електрична енергија до брзина од 150 km/h. Самиот менувач има неколку режими на работа – може возилото да биде управувано само на електрична енергија, само со моторот со внатрешно согорување или пак да ги комбинира и двата мотори како хибрид.

АНГЛИЧАНИ ПРЕТСТАВИЈА ХИБРИДНА ТРАНСМИСИЈА3

Освен тоа менувачката кутијата има систем кој овозможува (како при трансмисија со двојно кохезија), менувањето на брзините да биде без загуба на енергија. Од Xtrac тврдат дека нивната разработка е лесна, помалку комплицирана како конструкција и поекономична од познатите досега менувачи со двојно кохезија. Тежината на новата кутија е 168 килограми, каде е и системот за обновување на енергијата при сопирање.

АНГЛИЧАНИ ПРЕТСТАВИЈА ХИБРИДНА ТРАНСМИСИЈА4

 

Извор: www.avtoplus.mk

Advertisements

2012 JAPANESE GRAND PRIX (Suzuka)

Должина на круг: 5.807 kм

Должина на круг: 5.807 kм 53 круга (307.573km)

Максимум гас: 67%

Најголема брзина: 313kм/ч

Најдолг рамен дел: 16s (1.23kм)

Десни/Леви кривини: 10/8

Трошење на гумите: Високо

Трошење на кочниците: Високо

Downforce ниво: Ниско

Промена на брзини по круг: 42

Најбрз Круг: 1:31.540 – Кими Раиконен (2005)

Петок 5 Октомври 2012

Слободен тренинг 1

10:00 – 11:30 Локално/03:00 – 04:30 CET

Слободен тренинг 2

14:00 – 15:30 Локално/07:00 – 08:30 CET

Сабота 6 Октомври 2012

Саботен тренинг

11:00 – 12:00 Локално / 04:00 – 05:00 CET

КВАЛИФИКАЦИИ

14:00 Локално / 07:00 CET

Недела 7 Октомври 2012

ТРКА

15:00 Локално / 08:00 CET

Извор: www.mkformula1.blogspot.com

ФЕРАРИ ПО СТАПКИТЕ НА РЕНО И МЕРЦЕДЕС

Деновиве на сајтот на Ферари е објавено дека тимот веќе почнал со тестови на моторот за 2014 година. Лука Мраморини, шефот на одделот за мотори и електрониката вели дека неговиот тим добро напредува со својата работа на сите мотори, почнувајќи од оваа сезона, за следната, како и новите турбо В6 мотори.
Другите производители на Ф1 мотори, Рено и Мерцедес, се верува дека веќе ги имаат започнато тестовите на нивните нови В6 мотори. За разлика од нив судбината на независниот снабдувач PURE останува неизвесна, откако компанијата го стопираше развојот на нивниот мотор претходно овој месец, поради тешкотии во финансирањето. Исто така не е јасно дали или не Косворт ќе изберат да инвестираат во скапиот развој на мотор за 2014 година.

Извор: mkformula1

Кубица сепак не се откажува од Формула 1

Роберт Кубица планира да се врати во Формула 1 натпреварувањето и покрај тоа што се уште во целост не се опоравил од повредите добиени во текот на една рели трка во Италија, во февруари минатата година.

Полскиот автомобилист, потврди дека не може без адреналинот и оти е зависник од брзините враќајќи и се на рели конкуренцијата викендов, повторно на Апенините. Таму повтори дека на кренал раце ниту од „најбрзиот циркус“, па веројатно во блиска иднина ќе го видиме во Ф1 болид.

„Ова возење е напредок, меѓутоа би сакал да сум на едно друго место. Ме оечкуваат уште многу нешта и навистина не планирам да се откажам. Целта секако е враќање во Формула 1 и наскоро ќе дознаам дали ќе добијам шанса да се натпреварувам идната сезона или ќе мора да ја сочекам 2014-та година“, изјави Кубица, кој моментно нема договор со некоја екипа.

Кога го доживеа споменатиот инцидент беше дел од тимот на Рено, а пред тоа се споменуваше како замена за Фелипе Маса во Ферари. За можноста во иднина да соработуваат заедно, зборуваше и шефот на Формула 1 тимот на Лотус, Ерик Булие.

„Во весниците прочитав дека вози рели, меѓутоа со него немам разговарано. Одредени контакти со неговите менаџери постојат, но се уште ништо значајно не се случува“, вели Булие.

Пилоти на Лотус тимот за сезоната 2012 се Кими Раиконен и Роман Грожан, а трета опција е Жером Д’Амброзио.

Извор: Kurir.mk

ВАКА ИЗГЛЕДА ВНАТРЕШНОСТА НА ФОРМУЛА 1 БОЛИДОТ

До пред некое време не постоеше можност да ѕирне во внатрешноста на совршено преполовен Формула 1 болид.

На тимот на Заубер им беа потребни две години за да го завршат тој проект, а кога ќе го погледнете ова видео, ќе ви стане и јасно зошто е тоа така.

Подгответе се за голема доза на неверување по гледањето на “комплицираната едноставност” на архитектурата која се користи во болидите .

Погледнете го видеото на внатрешниот изглед на F1.

Извор: Fakulteti.mk

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО РАБОТИ ВОЛАНОТ НА ФОРУМУЛА1

Возачот на Mclaren, Jenson Button на најдобар можен начин ја започна овогодинешната сезона во шампионатот на Формула 1, со победата на Гоелмата Награда на Австралија. Второто место, со заостанување од 2 секунди го освои актуелниот шампион, Sebastian Vettel а трет беше вториот возач на Mclaren, Lewis Hamilton. 

Возачот на Формула 1 Нико Розберг од Германија ги покажува опциите на воланот во интервјуто за време на  Australian F1 Grand Prix на патеката Алберт Парк во Мелбурн  во Март 2012.

1 – Копче за засилување на моторот
2 – Копче за засилување на вртежите
3 – Копче за неутрална (лер) позиција на менувачот
4 – Мерач за потрошувачка на гориво
5 – Копче за исклучување на сензорите ако некој се расипе
6 – Функцијата на ова копче се држи во тајност
7 – Маркер за телеметрија во случај на проблем
8 – Ресетирање на радио врската во случај на проблем
9 – Подесување на кумплунг
10 – Одредувач на густина на горивото
11 – Диференцијал за брзи кривини
12 – Диференцијал за средина на кривина
13 – Подесувач за вртежи
14 – Главен подесувач (спојлери и гуми)
15 – Диференцијал за излез од кривини
16 – Копче за полесно следење на стартни светла
17 – Копче за јавување кога возачот влегува во пит-стоп
18 – Диференцијал за влез во кривина
19 – Граничник на брзина во пит-стоп
20 – Копче за радио врска
21 – Копче за засилување на диференцијалите
22 – Дисплеј за брзина

 

Погледнете го видеото, возачот на Mercedes GP Petronas ,Nico Rosberg објаснува како функционира воланот.

Извор: Fakulteti.mk