Ford развива мотор со девет и десет степенски менувач

Истата работа е и со автоматикот, само што кај нив не си ја уморувате раката. Нам можеби бројот на брзините одамна ни дојде преку глава, но не мислат исто и производителите на автомобили, па така седум и осум степенските автоматици веќе може да се пронајдат во Аudi, BMW, Lexus илиMercedes.

Но тоа не е крај на приказната, бидејќи ZF и Honda веќе работат на девет степенски автоматик, а на натпреваруварот во додавање на брзини им се придружија и Американците кои велат дека оптимален е бројот десет.

General Motors и Ford се здружија и со заеднички сили ќе развијат нови девет и десет степенски автоматик менувачи кој подоцна ќе ги вградат во своите возила. Проектот е моментално во фаза на дизајнирање и развој.

Извор: www.themen.mk

Advertisements

Зголемена продажбата на автомобили во САД во септември

Производителите на автомобили „Тојота“ и „Крајслер“ во септември забележаа солиден успех во САД, додека нивните конкуренти „Џенерал моторс“ (ГМ) и „Форд“ соопштуваат за мал раст на продажбата, иако вкупната прогноза во автомобилската индустрија делува позитивно.

ГМ го евидентираше најуспешниот септември од 2008 година, со раст на продажбата од скромни 1,5 отсто или 210.245 возила, пренесоа светските агенции.

-Продажбата на автомобили и натаму е светла точка во американската економија, што е особено добра вест за ГМ, бидејќи во 2013 и 2014 година ќе исфрлиме повеќе нови производи, рече шефот за продажба во ГМ во САД, Курт Мекнили.

ГМ наведува дека „ агресивно работи на замената на постојните возила со модели со подобар дизајн, повеќе технологија и поекономична потрошувачка“, што значи дека оваа и следната година дури 70 отсто од неговите модели ќе бидат нови или редизајнирани.

„Крајслер“, исто така, очекува добри резултати, откако продажбата во септември беше зголемена за 12 отсто, на 142.041 возило, од што продажбата на автомобили нараснала за 27 отсто, а на камионите за шест отсто.

„Тојота“ наведе дека продажбата во септември им нараснала за 42 отсто, на 171.910 возила.

„Форд“ евиденира пад на продажбата од 0,1 отсто на 174.976 возила, бидејќи продажбата на камиони им се смали за осум отсто, иако вториот по големина американски производител на автомобили го истакна фактот дека продажбата на нивните мали автомобили нараснала за 73 отсто, или на највисокото ниво во последната деценија.

„Фолксваген“ ја зголемил добивката по агресивното ширење на американскиот пазар, со раст на продажбата од 34 отсто, на 36.663 возила во септември.

Извор: www.kurir.mk

FORD FOCUS Е НАЈПРОДАВАН АВТОМОБИЛ ВО СВЕТОТ ВО 2012 ГОДИНА

За седум месеци од годинава се продадени над 500.000 возила на планетава, со што е најдобар во овој период, а воедно со Focus е поврзан и друг клучен настан за Ford, излегувањето како 350-милионитиот произведен автомобил во историјата на компанијата.

Ford Focus е најпродаван автомобил во светот за 2012 година, надминувајќи ги и најголемите конкуренти во компактната класа. Над 500.000 автомобили од моделот Focus се продадени од јануари до јули, што секако претставува историски успех за компанијата чиј заштитен знак е синиот овал. Како досега течат работите мошне реално е да бидат надминати рекордните 860.000 продадени автомобили Focus минатата година. Всушност Ford продал точно 522.821 автомобили Focus за првите 7 месеци од 2012 година и ги надминува остварувањата за истиот период на Toyota Corolla и Volkswagen Golf.

Со Focus е поврзан и друг клучен настан за Ford, 350-милионитиот произведен автомобил во историјата на компанијата.

-Размислете подетално на момент, за бројката од 350 милиони автомобили, изјави Џон Флеминг, извршен потпретседател за глобално производство во Ford, по повод овој миг. -Тоа е еднакво на производство на еден автомобил на секои 10 секунди во текот на 109 години, и ако овие автомобили се ставаат еден зад друг ќе стигнат до месечината и назад, и тоа два пати!

Ford Focus се појавува за прв пат во Европа во 1998 година, а во 1999 година ја освои наградата Автомобил на годината. Оваа, трета генерација на компактниот модел, претставена минатата година, дизајнирана е со поинаков пристап, со голем број врвни технологии и карактеристики. Во Европа новиот Focus е достапен со 4 и 5 врати и караванска изведба. Оваа година Ford го претстави Focus ST со 250 КЅ. Треба да се напомене посебно дека во Европа се нуди новиот Focus со 1.0-литарски EcoBoost бензински мотор, прогласен за Светски мотор на 2012 година. Првиот целосно електричен патнички автомобил на Ford – Focus Electric со нулта емисија, ќе се нуди во 2013 година.

Извор: Avto +

ВИРУСИТЕ ГИ НАПАЃААТ И … АВТОМОБИЛИТЕ

Експертите по компјутерска безбедност од McAfee изјавија дека вирусите се голема опасност за автомобилската електроника и дека во моментов речиси и да нема заштита од нив.

Според експертите автопроизводителите не одвојуваат доволно внимание за прашањата за заштита на електронските патни системи во автомобилите, а тоа создава предуслови за олеснување при кражбата на автомобилот или за прислушување што се зборува во неа. Не е исклучено и намерното предизвикување несреќа на патот, на пример  далечинско оштетување во електрониката на сопирачките, која ги управува. Во моментов заштитата на автомобилите од вируси, заостанува со 20 години од трендовите  во IT-индустријата.

Во McAfee сметаат дека големите автомобилски компании се свесни за оваа потенцијална закана за напад на автомобилските компјутери, но засега само Ford разви систем за заштита од вируси во рамките на својата програма Sync.

Извор: Avto +