СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

среда, 19 септември 2012 06:07:00
СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

Извор: АМСМ

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

вторник, 18 септември 2012 12:22:16
СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради врнежите од дожд на патните правци од Штип кон Делчево и Берово има одрони на патот кои редовно се расчистуваат од дежурните екипи на Македонија пат. Нема застој во сообраќајот, но се препорачува крајно внимателно упраување со возилата. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

Извор: АМСМ

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

 

понеделник, 17 септември 2012 14:07:00

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради врнежите од дожд на патните правци од Штип кон Делчево и Берово има одрони на патот кои редовно се расчистуваат од дежурните екипи на Македонија пат. Нема застој во сообраќајот, но се препорачува крајно внимателно упраување со возилата. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

 

Извор: АМСМ

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

недела, 16 септември 2012 07:30:00

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

Извор: АМСМ

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

сабота, 15 септември 2012 11:00:00
СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

Извор: АМСМ

Крстосницата кај “Панини” најопасна

Колку велешките крстосници се опасни по учесниците во сообраќајот со постојниот сообраќаен режим на Благој Ѓорев? Дали со новиот тие ќе се намалат?

Откако во градот се разви дебата за и околу новиот предложен  сообраќаен режим на улица Благој Ѓорев, најмногу интерес привлекува, колку велешките крстосници се опасни по учесниците во сообраќајот?

На ова прашање одговор даваат статистичките показатели за бројот на сообраќајни незгоди на најфреквентните крстосници во градот, кои треба со новиот режим на сообраќај да се менуваат, некои со семафори други со кружен тек.

ТРМР  дојде до податоците за сообраќајките на  шест крстосници, каде се собрани сообраќајните незгоди за последните седум години.  Бројките покажуваат дека најмногу сообраќајки има на крстосницата кај ресторан “Панини”.

Патем од Сообраќајната полиција стигна поддршката за новиот сообраќаен режим, со тоа што тие порачуваат дека кај ЗОИЛ не треба да се менува сообраќајниот режим.  Сообраќајната полиција при СВР Велес ги собрала и документирала  сообраќајките за период 2005-20011 и еве ова се податоците:

Крстосница пред Панини:
вкупно незгоди 26, незгоди со материјална штета 14, незгоди со повредени лица 12, од кои три се со тешки повреди.

Крстосница кај Железничката зграда:
Вкупно незгоди 21, незгоди со материјална штета 15,  незгоди со повредени лица 6 од кои две се со тешки повреди.

Крстосница  семафори кај Макпетрол:
Вкупно незгоди 21, незгоди со материјална штета 15 и шест со повредени лица од кои еден е со тешки повреди.

Кружен тек  кај Коњот, НА-МА
Вкупно незгоди 8, незгоди со материјална штета 3, незгоди со повредени лица 5 од кои едно е со тешка.

Крстосница кај влез во Велес, кај Башино село
Вкупно незгоди 18, со материјална шета 11, со повредени лица 7, од кои едно е со тешка повреда.

Крстосница кај ЗОИЛ ( за две години период)
Регистрирани две сообраќајки, една со материјална штета и едно со тешка повреда.

Извор: www.tirekovmirece.com

Автопат А1 (М-1). Делница Катланово – Велес. Коридор 10

Како изгледа во моментов возењето по Автопатот А1 (М-1). Делница Катланово – Велес. Коридор 10

Погледнете го видеото…

Извор: ДОМ – Велес

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

петок, 14 септември 2012 06:34:00

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

Извор: АМСМ

Пилот студија за нов сообраќаен режим на улица Благој Ѓорев во Велес

Се предвидува враќање на двонасочниот сообраќај до свиокот кон Болница, поставување на нови семафори, кружени текови,укинување на постојниот семафор или комплетно нов сообраќај по најфреквентните улици.

 Велес ќе добие нов сообраќаен режим за централните градски улици. Се предвидува  враќање на двонасочниот сообраќај  до свиокот кон Болница, поставување на нови семафори, кружени текови, укинување на постојниот семафор  или комплетно нов сообраќај по најфреквентните  улици Благој Ѓорев и  Алексо Демниевски Бауман. Проектантската куќа ЗУМ Проект од Скопје по барање на локалната власт понуди  студија за дел од улична мрежа во Велес со варијантни решенија за девет крстосници.

Оваа студија е работена на ниво на идејни решенија, кои можат да претрпат измени. Понудивме решенија кои се оптимални за градот, имаме повеќе кружени крстосници кои во пракса во Скопје се  покажаа како добри.  Работевме на задоволување на нараснатите потреби на градот кои ќе се јават во блиско време, пред се со изградбата на новиот театар и новата црква – изјави  Јани Христовски сообраќаен инженер еден од  авторите на студијата.

Тие избројале  дека во ударните термини наутро во осум и попладне во 4 низ главната градска улица во еден час минуваат по 900 автомобили, или на секој четири секунди по еден. Третина од нив се упатуваат кон Којник, вртат повеќе од километар за да сигнат дома. Пресметките покажале дека за ова тие трошат десетина минути  повеќе од стандардната релација. Ова е проблем за околу шест илјади велешани.

Со оваа студија се предвидува воведување на двонасочен сообраќај од Пошта до кривината кон Болница и од Трговскиот во Нова Населба до крстосницата кај Железничката зграда, отворање на нова улица до театарот и едно насочен на улица Прва Комуна. Кај крстосницата пред Пошта се нуди светлосна сигнализација, со тоа што ќе мора да се одземе  од просторот од пред зградата кај Градска аптека. На крстосницата за влезот кај Брза помош би се поставило едно островче.

На крстосницата кај Болница  а завршува  еднонасочната улица и започнува двонасочната, за што ќе треба да се постави хоризонтална и вертикална сигнализација. Влезот од новата улица од пред театарот на главната Благој Ѓорев ќе биде со семафори. Крстосницата кај ОУ Блаже Конески би се регулирала со разделно островче.  Кај  крстосницата Панини е предвидено во една варијанта  со турбо кружен тек а со втората со семафор. И во двете варијанти се отвора премин од лево кон улица Прва комуна за сите возила да одат директно кон неа. За реализација на двете варијанти ќе треба да се одземе простор од дворот на Гимназијата.

За крстосницата кај железничката исто така е предвидено две варијанти, семафори и кружен тек. Поставувањето на семафори на овие крстосници е со т.н. јамки кои преку индуктори овозможуваат влез на автомобили на главната улица Благој Ѓорев  само кога на споредните има возила. Во сите други случаи движењето по главната улица е постојано и непречено. Ако се оди на кружен тек ќе се дислоцираат сите времени објекти во негова близина и ќе се одземе дел од тротоарот од пред фонтаната.

Со воведувањето на двонасочен сообраќај од Трговски до Железничка, крстосницата пред Трговскиот нема да има промени. На крстосницата пред сендвичара Круг кај ЕВН се предвидува поставување на островче. На семафорите  кај бензинската на Макпетрол се предвидува наместо семафори да се  изгради турбо кружна крстосница. За  негова реализација е потребно да се добие простор од дворот на ЕВН и од дворот на Макпетрол. Авторите на оваа студија по барање на инвеститорот- Општина Велес понудија решение и за крстосницата кај ЗОИЛ Македонија, каде би се регулирал со разделни острови. Сигурно е дека на влезот од Велес  во правец од Штип ќе се гради кружен тек.

Повеќе фактори влијаеја да се побара изработка на ваква  сообраќајна студија. Основно е зголемениот број на возила во Велес, било приватни,  службени и такси превоз. Потоа привршува изградбата на два јавни објекти, црква и театар на главната градска улица, кои ќе го отежнат сообраќајот на неа. Имаме и барање на одреден број жители кои директно се погодени со постојниот сообраќаен режим. Важен ни е и пристапот до здравствените институции Болница и Брза помош, до кој сега да се стигне е потребно за дел до  велешани да кружат еден километар. Со воведување на светлосна сигнализација и  кружни токови на одредени делови ќе се поедностави,  сообраќајот ќе биде побезбеден, ќе се  намали  брзината,  со што ќе се придонесе по безбедноста на пешаците – вели Горан Петров градоначалник на Велес.

Тој сега очекува граѓаните да се изјаснат по оваа студија а потоа, откако ќе се соберат реакциите, ќе се пристапи кон избор на решенија и нивна реализација. Рок на воведување на овој нов сообраќаен режим би бил најмногу до една година.

Извор: tirekovmirece.com