Природниот гас поевтинува за шест денари

Компанијата Макпетрол а.д. Скопје ја намали цената на природниот гас за стопанството за 6,23 денари.

Природниот гас поевтинува за шест денари

Новата цена изнесува 30,03 денари за кубен метар гас за разлика од досегашните 36,26 денари.

Според компанијата, споредено со минатиот месец намалувањето е за 17,18 проценти.

Причина за намалувањето е пониската набавна цена на гасот за првиот квартал годинава во споредба со четвртиот квартал од минатата година за 14,3 проценти, односно цената од 579 долари за 1.000 метри кубни се намалува на 496 долари, соопшти „Макпетрол“.

 

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

Бензинот и дизелот поскапуваат од полноќ

Од полноќ ќе имаме повисоки цени на бензинот и дизелот.

Бензинот и дизелот поскапуваат од полноќ

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат од еден до два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 82, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83,5 денари за литар. Еуродизелот ќе се продава за 72,00 денари за литар.

Зголемување има и кај малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство за 0,50  денари. Тоа сега ќе чини 60,50 денари за литар. Се зголемува и цената на мазутот за 2,172 ден/кг.

Покачувањето се должи на зголемувањето на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14. дневен период.

 

Извор: www.press24.mk

Oд ноќеска бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 71 денари за литар. Цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, односно ќе се продаваат за 82 и 60 денари за литар како и досега.

Oд ноќеска бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката на РКЕ за 0,855 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 40,867 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,42 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,33 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

 

 

Извор: www.kanal5.com.mk

Плинот поевтинува за 10,5 отсто од Нова година

Плинот ќе поефтини од 2013 година. Нафтената компанијата „Макпетрол“, која увезува гас од рускиот гигант Гаспром, денеска извести дека успеале да договорат цена која е 10,45 отсто пониска од претходната.

Плинот поевтинува за 10,5 отсто од Нова година

Од 1 јануари 2013 година, цената на природниот гас за Македонија ќе се намали за 10,45 отсто, a oва е резултат на преговорите кои „Макпетрол” ги водеше со својот руски партнер Гаспром Експорт неодамна во Москва, се вели во соопштението.

Моменталната цена на еден кубен метар природен гас за тарифните потрошувачи изнесува околу 36 денари.

 

 

Извор: www.kurir.mk