Ford развива мотор со девет и десет степенски менувач

Истата работа е и со автоматикот, само што кај нив не си ја уморувате раката. Нам можеби бројот на брзините одамна ни дојде преку глава, но не мислат исто и производителите на автомобили, па така седум и осум степенските автоматици веќе може да се пронајдат во Аudi, BMW, Lexus илиMercedes.

Но тоа не е крај на приказната, бидејќи ZF и Honda веќе работат на девет степенски автоматик, а на натпреваруварот во додавање на брзини им се придружија и Американците кои велат дека оптимален е бројот десет.

General Motors и Ford се здружија и со заеднички сили ќе развијат нови девет и десет степенски автоматик менувачи кој подоцна ќе ги вградат во своите возила. Проектот е моментално во фаза на дизајнирање и развој.

Извор: www.themen.mk

Advertisements

Зголемена продажбата на автомобили во САД во септември

Производителите на автомобили „Тојота“ и „Крајслер“ во септември забележаа солиден успех во САД, додека нивните конкуренти „Џенерал моторс“ (ГМ) и „Форд“ соопштуваат за мал раст на продажбата, иако вкупната прогноза во автомобилската индустрија делува позитивно.

ГМ го евидентираше најуспешниот септември од 2008 година, со раст на продажбата од скромни 1,5 отсто или 210.245 возила, пренесоа светските агенции.

-Продажбата на автомобили и натаму е светла точка во американската економија, што е особено добра вест за ГМ, бидејќи во 2013 и 2014 година ќе исфрлиме повеќе нови производи, рече шефот за продажба во ГМ во САД, Курт Мекнили.

ГМ наведува дека „ агресивно работи на замената на постојните возила со модели со подобар дизајн, повеќе технологија и поекономична потрошувачка“, што значи дека оваа и следната година дури 70 отсто од неговите модели ќе бидат нови или редизајнирани.

„Крајслер“, исто така, очекува добри резултати, откако продажбата во септември беше зголемена за 12 отсто, на 142.041 возило, од што продажбата на автомобили нараснала за 27 отсто, а на камионите за шест отсто.

„Тојота“ наведе дека продажбата во септември им нараснала за 42 отсто, на 171.910 возила.

„Форд“ евиденира пад на продажбата од 0,1 отсто на 174.976 возила, бидејќи продажбата на камиони им се смали за осум отсто, иако вториот по големина американски производител на автомобили го истакна фактот дека продажбата на нивните мали автомобили нараснала за 73 отсто, или на највисокото ниво во последната деценија.

„Фолксваген“ ја зголемил добивката по агресивното ширење на американскиот пазар, со раст на продажбата од 34 отсто, на 36.663 возила во септември.

Извор: www.kurir.mk