Мал историјат на TÜV ознаката

Широко познатата ознака кога се работи за увоз на половни автомобили (TÜV) оваа година слави јубилеј од 50 години, откако се применува во Германија.

TÜV ознаката на регистарските таблички се користи од 1961 година. Се работи за мала лепенка во форма на круг, која се наоѓа на регистарските таблички и со која е означено дека возилото е технички исправно за сообраќај до одреден период (кој месец). Пред воведувањето на TÜV лепенките возачите на автомобили во Германија биле повикувани по пат на пошта и писма да дојдат на контрола за исправност на возилата.
Со годините системот за контрола на исправноста на возилата е усовршуван и стана се посложен, како поради екологијата, така и поради се поголемите сигурносни барања. Како што во таа област се воведуваат се повеќе електронски контроли, така од 2012 година се планира исправноста на возилата, а со самото тоа и TÜV ознаките (лепенките) да се контролираат со посебни електронски уреди.
Во првите години, па се до 1973 година контролната лепенка имала втиснати броеви на месеците во насока на стрелките на часовникот на бела подлога. Денес лепенката има 12 кружни делови со бројки кои се движат во обратна насока од стрелките на часовникот, а два црно означени исечоци овозможуваат полесно да се воочи во кој месец треба да се изврши TÜV тест на возилото.
Од 1980 година се менуваат боите на лепенките – сина, жолта, розева, зелена, портокалова и тоа на годишно ниво. Помеѓу 1985 и крајот на 2009 година воведени се хексагонски лепенки за тест на издувни гасови на предната регистарска табличка. И таа ознака ги следеше дизајнот и бојата на главната лепенка.
Извор: koli.com.mk
Advertisements

Ма какви LED светла, BMW ќе има ласери!

Научна фантастика !?

И додека LED ламбите полека ги освојуваат светлосните склопови на секој нов автомобил, се чини дека за расветлите диоди не лудуваат сите подеднакво.

Со последното медиумско известување BMW ја фрли ракавицата во лицето на Audi, најавувајќи дека наскоро ќе претстави технологија на ласерски светлосен сноп. Во однос на LED диодите, ласерите имаат бројни предности – помали се, поштедливи, посветли се и можат да бидат проектирани подиректно и на поголема оддалеченост.

Додека LED-иците имаат јакост на светлото од 100 лумени, ласерите блештат со интензитет од дури 170 лумени, а ако се земе во предвид дека целиот склоп ќе биде покомпактен, можете и сами да замислите што дизајнерите можат да постигнат со дизајнот на автомобилот.

Да целата работа биде подобра, во BMW истакнуваат дека ласерската технологија воедно е и значително посигурна бидејќи е погодна за изолирање на останатите учесници во сообраќајот. Поврзана е пример, со инфрацрвена камера, ласерската технологија би можела со сноп на посилна светлост да ги издвои пешаците или животните и да го сврти влијанието на возачот на нив.

Можеби мислите дека ќе се начекаме за имплементација на оваа футуристичка технологија во комерцијалните автомобили, но Баварците уверуваат дека хибридот модел i8 ќе располага со ласери.

Извор: koli.com.mk

ГЕРМАНЦИ ИЗМИСЛИЈА ПОКРИВКА ПРОТИВ КРАЖБИ

Германски научници развија нов вид систем против кражба врз основа на т.н. “паметни” ткива. Покривка која реагира и алармира навремено доколку некои сака да го украде вашиот автомобил.

Системот е создаден од истражувачи од два института во Берлин, а се состои од покривка испреплетена со нишки низ кои поминува струја. Тие се поврзани со микро-контролор, кој го зема во предвид секој обид да се оштети или исече покривката. Освен тоа, системот го зема во предвид времето на обидот за влегување во возилото од страна крадецот.

Дополнителен плус за безбедносниот систем е фактот дека материјалот од кој е произведена покривката е сосема безбеден како за луѓето, така и за животните, бидејќи пропушта струја со сосема слаб ефект. Покрај тоа, тој е и мошне евтин, бидејќи за него се користат едноставни материјали како посребрени влакна.

За да ја докажат ефикасноста на системот, научниците спроведоа серија тестови кои се покажаа како мошне успешни. Алармот реагира навремено, а покривката е отпорна и над 40 степени и во просторија со влажност од 85%. Тоа во никој случај нема да се одрази на квалитетот.

Извор: Avto +