ВИДЕО КАМЕРИ НА ПАТНАТА МРЕЖА,
ПАТАРИНИТЕ И ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
четврток, 27 септември 2012 12:13:06
СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Г.Д. Гранит известува дека од ден 24.09.2012 (понеделник) започнува рехабилитација на магистралниот пат М-1 – делница Катланово-Велес. Сообраќајот од две коловозни ленти ќе се пренасочи во една. Периодично сообраќајот ќе се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: Почнувајќи од четврток 27.09. од 06:00 часот, започнат е штрајк на грчките царински служби. Поради тоа на граничните премини Дојран, Богородица и Меџитлија товарниот сообраќај е комплетно во прекин, додека патнички возила и автобуси ќе се пропуштаат на секои 2 часа. На сите останати гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Извор: АМСМ
На граничните премини Богородица, Стар Дојран и Меџитлија соообраќајот ќе се одвива по следниот распоред:
-ГП Богородица ќе работи на секои два часа, ќе се пропуштаат патнички возила и автобуси, а за товарни возила овој премин денес нема да биде отворен.
-ГП Стар Дојран ќе работи без застој во патничкиот и товарниот сообраќај до вечер.
-ГП Меџитлија денес ќе биде затворен за секаков вид сообраќај.
Како што информираат од МВР во моментов нема застој ниту во патниот, ниту во товарниот сообраќај.